Што би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец?

Што би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец?

Месецот е речиси при крај. Октомври беше добар за некои знаци, а помалку омилен за други. Сепак, има уште неколку денови до крајот. Еве што советуваат астролозите за последните денови од месецот.

Што би требало да направи секој хороскопски знак пред да заврши овој месец

Овен

Земете си слободен ден од работа кој уште одамна ви беше потребен. Ден кога не мора да одговарате на имејлови или да се нервирате за вашата кариера.

Бик

Поминете еден ден во природа. Ден во кој ќе шетате и ќе се изгубите во природата. Ден во кој ќе поминете повеќе време на сонце отколку внатре во вашиот дом.

Близнаци

Посветете ден на семејството. Ден во кој ќе готвите вечера за вашите родители. Ден кога ќе им покажете колку ги цените и почитувате иако нечесто го изразувате или кажувате тоа на глас.

Рак

Посветете ден само за себе. Ден кога нема да бидете достапни за сите останати. Ден кога ќе се фокусирате само на себе.

Лав

Ден за лоша исхрана! Не внимавајте колку калории сте внеле. Јадете и пијте што сакате и не се чувствувајте виновни за тоа.

Девица

Подарете си мрзелив ден. Ден во кој нема да правите ништо! Опуштете се и не се грижете се за ништо.

Вага

Ден во кој ќе ги заборавите социјалните мрежи. Ден во кој ќе ги исклучите апаратите и нема да гледате постојано во екраните.

Скорпија

Посветете ден во кој ќе излезете со вашите пријатели. Ден во кој ќе се опуштите и ќе разговарате за секоја тема.

Стрелец

Ден во кој ќе посветите љубов кон вашиот партнер. Поминете го секој час заедно. Потрошете ја целата енергија еден на друг.

Јарец

Имајте луд и безгрижен ден. Ден во кој можете да пиете колку сакате. Ден во кој ќе се опуштите, после толку долго време.

Водолија

Подарете си ден во спа центар. Ден посветен само за вас. Ден во кој ќе се релаксирате.

Риби

Поминете цел ден без да се осудувате. Ден во кој нема да кажете ништо негативно за себеси. Ден во кој ќе покажувате само љубов кон себе.

Со периодов владеат Скорпиите, а еве за кои три хороскопски знаци оваа сезона ќе биде најлоша.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар