Што би правеле хороскопските знаци во зомби апокалипса?

Што би правеле хороскопските знаци во зомби апокалипса?

Зомби апокалипсата е можеби најпопуларното сценарио во хорор филмовите. Сигурно имате размислувано дали би се справиле во такво опкружување. За да дознаете, прочитајте што вели вашиот хороскопски знак за тоа.

Што би правеле хороскопските знаци во зомби апокалипса?

Овен

Овните храбро ќе се соочат со апокалипсата. Брзо размислуваат и брзо се движат. Знаат да импровизираат кога ќе се соочат со нешто неочекувано. Лошото е тоа што нивниот карактер може да предизвика разделување наместо лојалност. Покрај тоа, не сите идеи на Овенот се совршени и може да резултираат со жртви.

Бик

Совршената улога за Биковите во апокалипсата е одговорен за залиха и инвентар. Тие се добро организирани и ќе се осигурат дека сите во бункерот ќе добијат исто количество од што било. Кога станува збор за борбата, Биковите повеќе сакаат да останат внатре отколку да ризикуваат. Можеби некогаш ќе погледнат надвор со надеж дека апокалипсата завршила.

Близнаци

Близнаците сакаат предизвици, а зомби апокалипсата им го нуди токму тоа. Благодарение на нивниот двоен карактер, лесно можат да ги исклучат емоциите ако нештата станат крвави. Близнаците се одлични стратези и се полни со енергија. Проблемот е што ако премногу долго се затворени во бункер ќе почнат да се чувствуваат лошо. Тие имаат потреба да се движат.

Рак

Раковите се навистина емоционални. Во вакво опкружување речиси на сите ќе им биде потребна поддршка поради траумата. Раковите ќе знаат како да разговараат со оние кои ја изгубиле вербата. Ќе ги слушаат сите и ќе ги советуваат, но понекогаш нивното променливо расположение може да влијае лошо на целата група. Причината е што тие премногу чувствуваат и најдобро е понекогаш да бидат оставени сами.

Лав

Лавовите сакаат да ги сметате за лидери, а не војници. Тие се силни и жестоки и сакаат нешта што го привлекува вниманието, како пиротехника и експлозиви. Иако понекогаш нивното его може да ја надмине потребата од тактика, тие би ги послушале советите од личностите на коишто им веруваат. Можат да бидат мрзеливи и да се појават само за „интересните“ настани, но ако им го погодите егото на правилен начин, Лавовите ќе направат речиси сè.

Девица

Ако некој ги нарекол Девиците хипохондрици, бил во право. Тие навистина се грижат за себе. Но, бидејќи имаат познавање од медицината навистина ќе ви бидат потребни нивните вештини за да ја преживеете зомби апокалипсата. Пред сè, воопшто не им се гади и би се справиле и со најодвратните повреди. Сè додека се фокусирани на здравјето на другите нема толку многу да размислуваат само за себе.

Вага

Вагите се добри, хармонични и понекогаш флертуваат премногу. Тие се вистински зрак светлина и зрачат со позитивност, а ова е навистина потребно во зомби апокалипса. Бидејќи се креативни и со бујна фантазија, можат многу да го подобрат расположението на целата група. Можеби изгледаат детинесто и наивно, но дури кога ќе ги нема ќе сфатите колку ви биле од помош.

Скорпија

Мрачните Скорпии со променливо расположение навистина ќе се фокусираат на стратегиите за борбата против зомбињата. Тие се трпеливи и би чекале долго за совршен момент за напад. Скорпиите напаѓаат тивко и со целосна посветеност. Лошо е што можат да ги заморат другите со нивниот интензитет и можеби ќе уживаат премногу во убивањето зомбиња.

Стрелец

Стрелците се секогаш животот на забавата, дури и ако е крајот на светот. Тие се навистина забавни и смешни и можат да го разубават и најмрачниот момент. Понекогаш нивниот хумор може да биде премногу нападен и да ги навреди почувствителните луѓе. Стрелците не секогаш размислуваат пред да кажат нешто.

Јарец

Јарците се оние што ќе создадат стабилност во зомби пеколот. Тие се верни и приземјени и можат да ги идентификуваат потребните вештини за преживување. Брзо размислуваат и можат да ги одредат предностите и недостатоците на сечиј план. Исто така тие водат со пример и нема да побараат од никого да убие зомби ако самите не можат да го направат тоа.

Водолија

Водолиите ќе бидат тажни. Сепак, не секој ќе биде весел во такво опкружување. Тие ќе се прашуваат за настаните што ја предизвикале апокалипсата и ќе им биде криво што не успеале самите да ја спречат катастрофата. Исто така може да бидат против убивањето зомбиња и да бараат да ги третирате како да се еднакви на вас. Сè на сè, Водолиите ќе предизвикаат повеќе проблеми отколку што ќе помогнат.

Риби

Чувствителните Риби би можеле да умрат од шок кога ќе сфатат што се случило или да се обидат да ги добијат сите лекови што им се на дофат. Ако ја преживеат траумата од ова сведоштво, тие ќе станат навистина отпорни и ќе имаат капацитет да создадат нова религија. Нивната духовност можеби ќе ги спаси душите на сите.

Погледнете и кои хороскопски знаци не знаат да се справат со стресни ситуации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар