Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

Модерната астрологија како што ја знаеме, во форма на годишен, месечен или дневен хороскоп, се заснова на небесниот координатен систем, познат како „зодијак“ (грчки збор што значи круг на животот). Иако астрологијата датира од третиот милениум пред нашата ера, се тврди дека таа почнала откако луѓето свесно се обиделе да ги измерат, снимат и предвидат сезонските промени.

Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

Но, за разлика од модерното време кога идејата за ѕвездените знаци и хороскопите често е исмевана, сè до седумнаесеттиот век астрологијата се сметала за научна традиција. Нејзините концепти биле користени во алхемијата, математиката, метеорологијата и медицината, а дури била прифатлива и во политичките и културните кругови. Но, при крајот на 17-тиот век, новите научни концепти во астрономијата ја нарушиле нејзината теоретска основа, па користа ѝ опаднала.

Антички „математици“

Средновековните астролози, кои биле познати како математици, измислиле приказни во обид да кажат нешто вистинско за светот. Тие направиле предвидувања кои се надевале дека може да бидат потврдени. Еден од најраните христијански автори, Ориген, кој имал малку тешки односи со православното христијанство, зборувал за „незаситената желба“ на човекот да знае за иднината. Неколку века по неговата смрт, епископите на христијанскиот совет во Брага, ги осудиле овие математици и нивните приказни поради нивната имплицитна претпоставка дека иднината може да биде претскажана со гледање во ѕвездите.

Низ историјата, астрологијата и приказните раскажани од математиците биле постојано осудувани, а имале смисла и биле распространети само во секојдневниот живот на луѓето во средниот век. Астрологијата во средниот век имала двосмислена позиција, потценувана, критикувана, но ги заситувала вродените желби. Таа раскажувала приказни за светот и за животите на луѓето во него, приказни кои ги навестувале нивните вистински желби и мотиви. Во 1400-тите години, црквата се соочувала со поделба на која ѝ се заканувало одвојување на два дела. Големиот раздвој бил резултат на желбата на римскиот папа и низа папи и анти-папи ги донеле немирите во црквата и низ Европа.

Што би ни рекле античките астролози за 2017-та година?

Епископот и аматерскиот астролог, Пјер д’Али, го испитувал ноќното небо, но не предвидел оган и проклетство како повеќето други астролози, наместо тоа, тој посочил дека крајот на светот бил далеку во иднината, нешто за што би требало да се грижат другите генерации. Тој направил метеж од очекувањата со читање на ѕвездите и кажувајќи им соодветна вистина на оние кои го слушале: Ѕвездите ни кажуваат да продолжиме и да направиме нешто повеќе во овој свет, а кој ќе се согласи со тоа?

Читање на иднината

Историски гледано, почетоците на вековите и милениумите имаат тенденција да ги поттикнуваат луѓето да се замислат за стабилноста на светот и неговиот можен крај, а дел од овие предвидувања според ѕвездите се однесувале токму на тоа.

За д’Али, шансата за непосредна апокалипса само го повикува човекот да се покае и да се моли, а можеби и да се откаже од институциите кои го држат светот во едно место. Човечката историја е преполна со лошо претчувство за иднината, а 2016 година ни покажа дека светот сѐ уште е полн со изненадувања и дека не може толку лесно да заврши. Така, додека овие денови не сите погледнуваат во небото за да бараат одговор на светските случувања, како што тоа го правеле нашите предци, можеби треба да погледнеме во минатото и да ја разбереме желбата на луѓето да создадат причина од неразумното.

Астрологијата има некоја проблематична врска со модерната наука, но, предвидувањата се дека оваа 2017-та година ќе биде исто толку турбулентна како и секоја претходно. Па, можеби д’Aли бил во право кога предложил дека треба да се обидеме да го дадеме најдоброто од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар