Септемвриска инспирација во само една реченица за секој хороскопски знак

Септемвриска инспирација во само една реченица за секој хороскопски знак

Прочитајте го токму тоа што треба да го чуете овој месец за да ги остварите своите соништа, цели и сите останати замисли што ги имате во вашиот ум.

Овен

Добрите нешта им се случуваат на оние што чекаат, но никогаш не треба да се заборави и дека ако сакате нешто – треба самите да си го земете!

Бик

Останете верни на себе и никој, никогаш нема да може да ве измами.

Близнаци

Тргнете ги вашите амбиции настрана овој месец и посветете се на нештата што навистина љубите да ги правите.

Рак

Ценете го и заштитувајте го вашето нежно срце со целата сила што ја имате – тоа е редок подарок што не треба секому да го давате.

Лав

Постои еден вид магија во тоа да не го добиете тоа што сте мислеле дека го сакате, туку тоа што ќе дознаете дека ви требало.

Девица

Забавете малку и дозволете си да дишете.

Вага

Животот ретко кога е фер, но вие сепак ќе најдете начин да ги направите сите оние нешта што сакате.

Скорпија

Не ви е лесно да ја подарите вашата доверба, но понекогаш постои убавина во тоа едноставно да се препуштите и да го дадете вашето срце на друга личност.

Стрелец

Дозволете си слободно да ја истражувате вашата љубопитност и никогаш нема да бидете разочарани.

Јарец

Потсетете се што било тоа што ја разгорело вашата страст да ги следите моменталните цели.

Водолија

Да се биде малку поразличен не е нешто лошо – тоа е можност за нешто повеќе.

Риби

Постојат лекции што можат да се најдат во изгубените соништа, па затоа и никогаш не заборавајте да трагате по нив.

Прочитајте и за кои знаци септември ќе биде најлошиот месец, а за кои најдобриот месец во годината.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар