Септември ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

Септември ќе биде најдобриот месец во годината за овие 3 хороскопски знаци

Септември носи многу убави моменти за сите хороскопски знаци, но за 3 од нив ќе биде најдобриот месец во годината досега. Па, ако се пронајдете на оваа листа, сметајте се среќни и искористете го потенцијалот на овој месец до крај, за да можете да се наполните со мотивација и енергија ќе ви помогне да издржите до почетокот на следната година.

Бик: Вие сте артисти и вашето платно за сликање е животот

Дали се чувствувате покреативни од вообичаено? Дали гледате поезија во сè? Дали боите ви делуваат поживописно од кога било порано? Ова се случува затоа што земјениот и пријателски знак Девица влезе во вашата 5-та куќа на задоволството и забавата, дарувајќи ве со артистички вештини, желба за забава и разигран сексуален став. И тоа не е сè. Меркур, планетата на комуникацијата и когнитивните функции, исто така влегува во вашата 5-та куќа, целосно поврзувајќи ве со вашите таленти и перспективи.

Ова е совршениот месец да направите нови планови, и да останете спонтани и отворени за сите нови можности што ќе ви наидат на патот. Овој месец вие сте артисти и вашиот медиум може да биде сè што сакате.

Девица: Време е да се чувствувате посамоуверено од кога било порано

Септември е месецот на вашето соларно враќање, па уживајте во овој период. Сега треба да ја насоберете целата самодоверба и енергија директно од својот извор, мотивирајќи се себеси да станете подобри личности. Вие гледате наназад кон сè она низ што сте минале, и колку далеку сте стигнале, па затоа и имате причина да бидете горди на вашето досегашно патување.

Ова е совршениот месец да почнете и да планирате за иднината, да преиспитате сè што досега сте правеле и да направите промени на подобро. Сè на сè, вие треба да престанете да се потценувате и конечно да разберете дека вашиот потенцијал е огромен.

Вага: Целата среќа во светот е на ваша страна

Вие ќе ја поминете првата половина од месецот подготвувајќи се за вашето соларно враќање, кога Сонцето ќе влезе во вашата 12-та куќа на спиритуалноста, правејќи го септември многу интересен месец за вас. Истовремено и Венера, вашата владејачка планета, ќе биде во Вага, правејќи ве магнети за позитивни вибрации, романса, љубов и пријателство. Апсорбирајте го целото добро што можете, бидејќи кога Сонцето ќе влезе во Вага, периодот на моќ и самодоверба ќе започне.

Во меѓувреме, уживајте целосно во личноста што сте. Истражувајте го светот со вашата чиста љубопитност и пронајдете го внатрешниот мир преку медитација, за да ја наполните со енергија вашата светла и сјајна душа.

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци на кои есен 2018 ќе им биде најдобрата сезона во животот досега!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар