Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Вага
Вагата е исклучително привлечна за Овенот. Тој не може да остане рамнодушен на нејзината природна убавина, шарм и добар статус во друштвото. Овие два спротивни знаци можат да поминат многу часови во бесконечно смеење и присуствувајќи на најдобрите забави во градот. Целото време поминато заедно ќе им изгледа како забава. Ако Овенот успее да ѝ пренесе на Вагата од својата цврстина и страст за животот, нивната врската може да заврши и со брак.
Вагата може да се почувствува загрозено од природната агресивност на Овенот. Сепак, доколку двајцата научат да си даваат малку простор еден на друг, лесно ќе ги надминат проблемите. Нивната врска може само да се подобрува со тек на време, а потенцијалот за добар сексуален живот кој ќе го зацврсти евентуалниот брак, е многу ветувачки.
Маж Овен и жена Вага
Кога жената Вага и мажот Овен ќе отидат на прв состанок, меѓу нив ќе почувствуваат силна сексуална привлечност, која нема да можат да ја игнорираат. Овие спротивни знаци, можат да се надополнат еден со друг во секоја смисла на зборот. Таа е вистински пример за шарм, префинетост, интелигенција и чесен однос. Тој е смел, одважен, дрзок и импулсивен. Меѓу нив постои очигледна возбуда. Штом таа заводнички ќе му затрепка со очите, тој веднаш ќе тргне во освојување на нејзиното тело и душа.
Жена Овен и маж Вага
Со оглед на тоа што спротивностите се надополнуваат, овој спој може да биде вистински погодок. Со неа владее Марс, додека тој трпи силно влијание од Венера, па брзото појавување на силна сексуална привлечност меѓу нив е неизбежно. Тие имаат многу да научат еден од друг. Таа ќе сфати дека треба да ги почитува потребите на другите и да прави компромиси, а тој ќе научи да се идентификува себеси како посебна индивидуа, надвор од врската. Таа ќе се воодушеви од неговиот шарм и трпение, а тој ќе биде маѓепсан од нејзината способност секогаш да го добива она што го сака.