Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Стрелец

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Стрелец

Ова е интензивна комбинација во која страста дефинитивно не изостанува. Стрелецот е привлечен од енергичноста и дивата страна на Овенот. И двата знака сакаат да си играат со оган, па нема да се воздржуваат ласкајќи му на партнерот, за да стигнат побрзо до креветот. Одлично се сложуваат и како пријатели и како партнери, а обостраната силна привлечност, во најчест случај, се развива во долга врска.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Стрелец

Бидејќи и двајцата знаат како да уживаат во животот, атмосферата е секогаш позитивна кога се заедно, особено затоа што многу добро знаат како да се насмеат и да се забавуваат. И Стрелецот и Овенот обожаваат деца и миленици. Свесни се дека конечно пронашле партнер којшто може да ги следи во чекор и кој дели слична енергија во кревет, но и во која било друга активност. Сексот е експлозивен и е секогаш причина за да си се вратат назад еден на друг.

Она што уште повеќе ги поврзува, е желбата за истражување, за нови предизвици како и широкиот круг на пријатели со кои и двајцата се постојано опкружени. Многу е веројатно луѓето околу нив да забележат дека се многу компатибилни и да заклучат дека се љубовен пар на место. Едноставно, меѓу овие двајца постои тоа нешто што е наречено љубов.

Маж Овен и жена Стрелец

Ова е една неверојатно динамична и страсна двојка. Тие се ентузијасти полни со живот и помеѓу нив постојано летаат искри. Жените родени во знакот Стрелец имаат цврсти ставови, а многу често и силна потреба да го наметнат своето мислење, но на машкиот Овен тоа нема да му пречи, туку напротив, тој ќе се воодушевува на нејзината ментална цврстина. Машките Овни пак, обожуваат да бидат во позиција на лидери. Заедно, и двајцата имаат способност да се одведат меѓусебно кон духовна и физичка екстаза. Кога станува збор за сексот, таа е разиграна и сака да се забавува, а тој е секогаш спремен за акција.

Жена Овен и маж Стрелец

Оваа комбинација е вистински погодок. Жените родени во знакот Овен автоматски се привлечени од авантуристичката страна на мажот Стрелец. А тој, особено е воодушевен од самостојноста и независноста на жената Овен, знаејќи дека врската никогаш нема да го задушува. Помеѓу овие двајца никогаш нема да биде здодевно, особено не во кревет. Жената Овен можеби нема секогаш да се согласува со нејзиниот филозофски настроен маж и неговите верувања, но сепак ќе се труди максимално да го толерира. Тој можеби понекогаш ќе се однесува ладно кон неа, но во секој случај зборуваме за жена која тоа може лесно да го поднесе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар