Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија

Кога овие два страсни знаци ќе се сретнат за првпат, обајцата се заслепуваат и изненадуваат од сексуалната хемија и компатибилност која се јавува меѓу нив. Помеѓу овие два знака секогаш ќе постои интензивна сексуална атракција, предизвици, па дури и љубов. Скорпијата сака приватност со својот љубовник, додека Овенот сака да ја покаже во јавност својата љубов. Ова е единствената област во која можеби овие двајца би имале проблем. Доколку Скорпијата ги подобри своите социјални вештини, Овенот може длабоко да се заљуби.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Скорпија

Овенот од друга страна, треба да намали со својата агресивност, затоа што Скорпијата може да избега заради конфронтациите. Со двата знака управува Марс, планетата на страста и сексуалната привлечност, па доколку некој од овие двајца има потреба од неверојатен секс, неговата потрага тука завршува, но доколку сакаат да ја пронајдат вистинската љубов, тогаш ќе треба подобро да анализираат. Прогнозата за оваа врска е добра, а сексот секогаш ќе биде главен дел од неа. Овие два знака секогаш ќе се предизвикуваат еден со друг.

Маж Овен и жена Скорпија

Љубовните состаноци помеѓу жената Скорпија и мажот Овен многу брзо можат да станат физички. Овој љубовен спој е многу жежок, бидејќи жената Скорпија е страсна и магнетна. Таа има силна волја и потреба да ги контролира сите работи. Мажот Овен ќе ѝ пружи пристоен отпор, бидејќи и тој сака да биде газда во врската. Доколку ниту едниот од нив не попушти, може да се појави застој во врската. Без разлика на сѐ, сексот ќе се исплати и покрај сите тешкотии. За повеќето парови можеби важи правилото дека љубовта може да ги турне сите бариери, но за овие двајца тоа го прави сексот.

Жена Овен и маж Скорпија

Овој љубовен спој се состои од огромна моќ и сила, но ова може да ѝ наштети на врската доколку обајцата не се внимателни. Жената родена во знакот Овен ќе ја сака страста на својот партнер Скорпија, но нема да ја сака неговата потреба да ги контролира сите нешта. Нејзиното его едноставно нема да ѝ дозволи да прифати дека тој доминира во врската уште од самиот старт. Мажот Скорпија ќе биде заведен од страна на храброста на жената Овен и ќе ужива во предизвиците кои таа ќе ги поставува. Таа е секогаш полна со аргументи и желна за жестока расправија, а тоа ќе ја засили сексуалната тензија помеѓу нив двајца. Во оваа врска жената Овен ќе научи како да балансира со внатрешната сила на нејзиниот љубовник и со својата надворешна сила. На крајот, љубовта сепак може да победи сѐ.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар