Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Јарец

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Јарец

Јарецот лесно ќе се фасцинира од страсниот и жесток Овен, а тоа ќе отвори пат за љубов која може да потрае, но на која ќе ѝ треба многу заеднички труд и дисциплина од двајцата.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Јарец

Овенот мора да биде свесен дека не смее да му пристапи на Јарецот со некакви скриени намери и обиди за манипулација. Љубомората и разните игри се сигурен начин за Јарецот да го изгуби интересот. Како што созрева, Јарецот станува сѐ подобар партнер и сѐ повеќе го привлекува престижниот стил на живот, што значи дека ќе биде засегнат да заработува многу пари.

За да имаат успешна врска, Овенот мора да разбере колку на Јарецот му е важно да успее во животот, а Јарецот пак ќе мора малку поретко да го анализира Овенот. Во целина земено, на сексуален план ова е ветувачка комбинација, во која Овенот ќе треба повеќе да се прилагодува на Јарецот и да сфати дека тој станува сѐ подобар љубовен партнер со текот на времето.

Маж Овен и жена Јарец

Кога жена Јарец и маж Овен ќе почнат да излегуваат заедно, секој од нив ќе се соочи со определени предизвици со кои ќе мора да се справи. Но, ако вложат доволно труд и се трпеливи, можат да имаат големи придобивки од оваа врска. Нив веројатно ќе им треба време дури и да го договорат првиот состанок. Односот помеѓу женски Јарец и машки Овен може да постане малку напнат и фрустрирачки за двајцата, затоа што таа е резервирана, а тој е наметлив. Иако сексуалната привлечност меѓу нив двајца може да биде голема, ќе мораат да научат како да го скротат својот темперамент, бидејќи во спротивно можат многу да ѝ наштетат на врската.

На сексуален план, тие сакаат да се провоцираат и да се задеваат еден со друг. На почетокот таа ќе настојува да изгледа како недостапна за да ја одржи сексуалната тензија меѓу неа и машкиот Овен, но нема да помине многу време, пред целосно да му се препушти.

Жена Овен и маж Јарец

Мажот Јарец и жената Овен изгледаат како спој на два различни светови. Тој е конзервативен, додека таа не се плаши да биде првата што ќе проба нешто ново. Таа бара алтернативни начини за задоволство, а тој се држи до веќе испробаните рецепти. Сепак, храброста на женскиот Овен е магнет за машкиот Јарец, а тој неа ја привлекува со неговиот стратешки пристап кон животот.

Сексуалниот живот ќе им варира од ден на ден, некогаш може да е жежок, друг ден студен, но ако таа го научи како да се релаксира, двајцата ќе доживеат многу поквалитетни сексуални искуства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар