Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Девица

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Девица

Тие одлично ќе комуницираат и меѓусебно инстантно ќе се разбираат. Овенот ќе ја обожава интелигенцијата на Девицата, а таа пак веднаш ќе посака да го заведе Овенот. Привлечноста помеѓу нив брзо ќе ескалира што може да доведе до формирање романтична врска.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Девица

Девицата многу го привлекува сексуалниот и страстен Овен. Нивната романтична и сексуална компатибилност може да биде задоволувачка и за двата знака. Обостраната лојалност и сличните ставови кон семејните работи кои ги имаат, ќе ги одржат заедно. Овенот не смее да игра умствени игри со Девицата, бидејќи потоа ќе треба да плати за своите постапки. Девицата пак, мора да го држи Овенот приземен, доколку сака и двајцата да бидат среќни. Привлечноста помеѓу нив ќе биде доволно цврста за да преживее каква било емоционална бура.

Маж Овен и жена Девица

Ова е многу необичен љубовен пар, но откако ќе започнат со состанување, нивната хемија веднаш ќе почне да се забележува. Жената Девица ќе биде воодушевена од подготвеноста на Овенот секогаш да го добива она што го сака. Тој пак, ќе биде привлечен од нејзиното чувство за одговорност и способноста да ја сработи секоја задача, без ниеднаш да се пожали.

Нивната врска може да го изнесе на површина најдоброто од нив, сѐ додека таа ја контролира својата тенденција да критикува, а тој се обидува да не биде толку себичен. Сексуално, овие два знака се надополнуваат еден со друг. Таа ќе ужива во неговата смелост, страст и желбата да ѝ „служи“ во кревет, додека пак тој ќе ужива во нејзината совршена прецизност, во секој момент од нивните сексуални односи.

Жена Овен и маж Девица

На прв поглед овој пар изгледа како многу чудна комбинација, и покрај нивната очигледна сексуална привлечност. Жената Овен е привлечена од чувството за дисциплина кое го има машката Девица, а тој ќе биде маѓепсан од нејзината нескротлива сексуална природа. Таа има тенденција да делува без да размислува во одредени ситуации, додека пак тој внимателно ќе размисли пред да го спроведе својот план во акција. Во оваа врска, тие можат да си ги тестираат нивните крајни граници на однесување, при што жената Овен со тек на време ќе научи да биде поскромна, а машката Девица ќе научи како повеќе да им верува на своите инстинкти и помалку да анализира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар