Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Близнаци

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Близнаци

Овенот живее за предизвик, а Близнаците се заслепени од сексуалната привлечност на Овенот. Под влијание на Меркур, Близнаците истовремено поседуваат и убавина и интелигенција и токму оваа комбинација ги привлекува Овните. Близнаците се и многу духовити и можат да го насмеат Овенот во секое време, што исто така е голем плус. Овенот го привлекува предизвикот кој се крие зад мистериозните Близнаци, додека пак Близнаците сметаат дека Овенот е најзгодниот љубовник кој некогаш го имале.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Близнаци

Постои голем сексуален потенцијал помеѓу овие два знака, како и потенцијал за долга врска. Но, за тие да успеат, Овенот мора да им овозможи многу слобода и простор на Близнаците. Исто така, Овенот ќе мора постојано да ја одржува својата смисла за хумор, а Близнаците пак, мора да останат мистериозни за да имаат најдобри резултати помеѓу нив. Сексот помеѓу овие два знака ќе биде „жежок“ и од нивниот однос, многу е можно да се роди љубов.

Маж Овен и жена Близнаци

Во мислите на жената Близнаци постојано ќе се врти сексот, без разлика со кој знак е во врска. Но, кога таа ќе се сретне со Овен, сексуалните мисли ќе почнат брзо да се пренесуваат во пракса. Во оваа љубовна комбинација, жената Близнаци е „маѓепсана“ од сексуалната директност на мажот Овен. Тој ќе биде целосно отворен со неа за она што таа го сака, кога го сака и како планира да го добие во сексот, а таа ќе ужива во секој момент од овие стимулирачки секси разговори. Мажот Овен има потреба да освојува уште од првиот состанок, додека пак жената Близнаци ќе смисли голем број идеи, за тоа како да го натера да се чувствува како секогаш со неа да ја освојува „главната награда“.

Жена Овен и маж Близнаци

Во оваа љубовна комбинација жената Овен ќе ужива во директната и искрена комуникација со мажот Близнаци. Секој од нив многу добро ја разбира потребата на нивниот партнер за индивидуалност, бидејќи и самите ја чувствуваат. Таа е стимулирана од умот на мажот Близнаци, а тој е фасциниран од нејзината бескрајна енергија. Овој пар има истовремено и физичка и ментална енергија и поради тоа овие двајца имаат можност да уживаат во една навистина активна врска. Нивниот секс ќе биде освежувачки. Таа ќе покаже висока самодоверба во кревет, додека тој ќе придонесува со многу нови идеи за бескрајни сексуални варијанти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар