Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Вага

Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Вага

Кога Близнакот ќе ја запознае Вагата, веднаш ќе може да си ја замисли нивната заедничка иднина и да ја почувствува нивната вистинска романтична поврзаност. Овие два хороскопски знака можат да разговараат со часови, но и да имаат секс цела вечер. Близнакот ќе ја обожава убавината и социјалниот шарм на Вагата. Тој, исто така, во неа ќе препознае „еднаков“ партнер, со кој ќе сака да оформи трајна врска. Вагата ќе ужива во одличните разговори, интересните вечери и незаборавниот секс кој ќе го има со Близнакот.

Овој пар ветува многу и има големи шанси нивната врска долго да трае. Близнакот ќе мора повеќе да се фокусира на романтиката, ако сака да ја задржи сексапилната Вага покрај себе. Таа е доволно само да се потруди да изгледа прекрасно и да биде дружељубива, а тоа е многу лесна задача за неа. Овие двајца треба што побрзо да си најдат соба и да видат што ќе се случи. Долгогодишната врска ќе им помогне и на двајцата да се чувствуваат многу сигурно, како во сексот така и во романсата. Близнакот треба да биде трпелив и да види како ќе се развиваат работите.

Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Вага

Маж Близнаци и жена Вага

Оваа љубовна комбинација ќе биде интелектуално „жешка“ уште од првиот состанок. Овие двајца се многу компатибилни знаци, кои имаат доста заеднички теми за кои би можеле да разговараат. Жената Вага ќе се труди да го направи својот маж Близнак задоволен, но работите може да се одвиваат малку потешко во тој правец, бидејќи изгледа како тој никогаш да не знае што сака. И двајцата се многу нерешителни по природа, но нивните состаноци нема никогаш да им бидат здодевни.

Во сексуална смисла на зборот, тие ќе бидат едно забавно и остроумно дуо. Таа ќе му овозможи грациозен допир, додека тој ќе ѝ приреди голема разновидност под чаршавите.

Жена Близнаци и маж Вага

Ова ќе биде многу социјален љубовен пар. Двата знака обожаваат да разговараат и уживаат во забави на кои има многу луѓе и тоа никогаш нема да им биде здодевно. Единствениот потенцијален проблем во оваа врска, е променливото мислење на жената Близнаци. Бидејќи мажот Вага тежнее да го прави само она што неговата девојка го сака, тој едноставно нема да може да ги следи нејзините постојани промени и може психички да се измори од неа. Тие ќе разговараат со часови и тој ќе го употреби својот шарм и хармоничен пристап, за да ја натера жената Близнаци да биде на иста „страна“ со него, кога работите ќе станат сериозни.

Сексуално, ова ќе биде лесна и забавна врска. И двата знака сакаат да флертуваат, а сексот ќе започнува уште во нивните мисли. Тој ќе ја одржува романсата жива, додека пак таа ќе смислува секси игри, кои ќе ги одржуваат работите свежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар