Сексуална астролошка компатибилност: Близнаци и Девица
Овие два интелектуални знака со заеднички сили можат да креираат моќ, пари и доживотно пријателство. Кога ќе се спојат, многупати врската се развива многу брзо. Помеѓу нив постои физичка привлечност и многу стимулирачки разговори. Девицата е личност која ќе остане со Близнаците и во добри и во лоши времиња. Таа има потреба од стабилност во врската. Комбинацијата од овие два знака ветува многу забава, игри и огромна физичка привлечност.
Под влијание на Меркур, планетата на комуникацијата, овие два знака имаат многу заеднички нешта и разговорот помеѓу нив нема никогаш да биде здодевен, за разлика од сексот кој некогаш може да им здодее. Девицата дефинитивно е за чување и партнерот Близнаци мора да се погрижи да не му избега овој секси партнер. Ако Девицата почне да ја одложува нивната врска за некое друго „подобро“ време, тогаш Близнаците треба да избегаат колку можат побрзо, пред да биде предоцна.
Маж Близнаци и жена Девица
Менталната поврзаност е инстантна помеѓу овие два знака. Тие изгледа како да немаат ништо друго заедничко, освен нивниот уникатен пристап кон животот, со кој ќе се надоврзат еден на друг како љубовен пар. На нивниот состанок, таа ќе прашува прашања кои започнуваат со „зошто“, додека пак тој ќе биде фокусиран на прашањата кои започнуваат со „како“. Тие цела вечер ќе ја поминат во разговори кои ќе ги опфатат сите можни агли.
Во нивната сексуална врска можат да се појават проблеми кога жената Девица ќе очекува да бидат задоволени одредени нејзини стандарди, кои Близнаците нема да можат во целост да ги реализираат. Тој не е заинтересиран за совршена љубовна романса, туку само сака да се забавува. За разлика од него, таа сака секс секој вторник, четврток и недела во точно 19:30 часот. На Близнаците може да им здодее оваа предвидливост.
Жена Близнаци и маж Девица
На прв поглед, оваа љубовна комбинација не изгледа многу ветувачка. Жената Близнаци постојано е критикувана од машката Девица поради нејзината непостојана и променлива природа, додека пак таа го гледа него како личност која е заглавена во детали и перфекција, поради што никогаш нема да може да се забавува. Овие разлики се токму она што ќе ги привлече меѓусебно на првиот состанок.
И двата знака го делат Меркур како владејачка планета и нивната љубовна комбинација дефинитивно е средба на два брилијантни ума. Таа му помага на мажот Девица да ја види поголемата слика, додека пак тој ќе ја научи жената Близнаци како да се фокусира на едно нешто, во даден момент. Сексуално, овие двајца дефинитивно ќе знаат како да си го усогласат ритамот. Нивниот секс ќе биде уреден и забавен.