Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Стрелец

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Стрелец

Бикот во Стрелецот гледа авантура и возбуда. Овие два знака се дефинитивно одлична комбинација за забава и дружење, а имаат и доста работи коишто можат да ги научат еден од друг. Делат слични идеи и цели во животот и на многу начини се надополнуваат. Стрелецот го привлекува сензуалноста на Бикот. Од друга страна, независноста на Стрелецот е многу привлечна за Бикот. Бикот ќе остане покрај Стрелецот и во добро и во лошо, а таа блискост Стрелецот ќе ја обожава.

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Стрелец

Оваа комбинација ветува многу и има потенцијал да прерасне во куса или долга врска. Тие нема да забележат колку брзо и длабоко се вљубиле еден во друг. Бидејќи Бикот е сериозна личност, Стрелецот знае дека секогаш може да се потпре на него, па голема е веројатноста нивниот однос да остане пријателски, дури и ако нивната хемија исчезне. Во секој случај, двајцата можат многу да учат еден од друг и дефинитивно заслужуваат да си дадат шанса.

Маж Бик и жена Стрелец

Откако ќе се запознаат, ќе им бидат потребни неколку состаноци пред да се вљубат еден во друг, што е и тоа како возможно сценарио, со оглед на тоа што меѓу нив постои необјасниво моќна привлечност. Жената родена во знакот Стрелец секогаш ќе има потреба од многу слобода, и тоа Бикот треба да го има на ум, доколку сака работите да се одвиваат во вистинскиот правец. Мажот Бик секогаш ќе се стреми кон сигурност и посветеност, па на почетокот тоа може да ѝ звучи здодевно, па дури и малку застрашувачки на неговата партнерка. Но доколку таа му дозволи, тој ќе успее да ја приземји и да ја смири така што тие целосно ќе се надополнуваат. За возврат, таа ќе го инспирира.

На сексуален план, кај овој пар нема да изостане романтиката. Тие заеднички ќе искусуваат нови сексуално-спиритуални димензии.

Жена Бик и маж Стрелец

Ова може да биде комплицирана љубовна комбинација. Додека таа бара сигурност и рутина во секојдневниот живот, тој е независен авантурист, кој живее за моментот. Неговата искреност, а во некои ситуации и незаинтересираност, нема баш добро да одат во комбинација со една од нејзините најизразени особини – тврдоглавоста.

Но, она што е интересно за овие двајца, е тоа што караниците во секојдневниот живот им создаваат чудна хемија во креветот, па токму таму се доста компатибилни. На жената Бик особено ќе ѝ се допадне тоа што Стрелецот неуморно ќе ја следи секоја нејзина желба, а тој ќе ја цени нејзината способност целосно да ужива во секоја сексуална авантура која тој ја наумил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар