Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Риби
Парите ќе имаат главна улога во љубовната врска помеѓу Бикот и Рибите. Бикот е тој којшто со еден поглед може да ги „стопи“ Рибите и да ја прокоцка целата негова или нејзина заштеда. Во оваа врска ќе има многу секс, а Бикот ќе биде тотално заљубен во она што го претставуваат Рибите.
Љубовната врска помеѓу овие двајца ќе биде исполнета со многу забава. Овие два знака веднаш ќе се поврзат, имајќи го предвид нивниот заеднички став за тоа што значи да се води добар живот. Тие ќе уживаат да го поминуваат секој момент заедно и ќе обожаваат да патуваат на далечни места. Храната и музиката ќе играат голема улога во оваа врска. Сексот може да биде интензивен, а тоа ќе ги натера Рибите конечно да му се предадат на Бикот и да се поврзат со него. Бикот ќе го запознае партнерот со нови и интересни луѓе. Од друга страна, Рибите се тие коишто ќе се грижат Бикот да биде финансиски сигурен.
За да успее оваа врска, Бикот би требало да биде понезависен и повеќе заинтересиран за сексот, додека пак, Рибите би требало да бидат спремни повеќе да го отворат својот паричник.
Маж Бик и жена Риби
Оваа љубовна комбинација може да биде како од соништата. Помеѓу овие два знака постои моментална поврзаност што ја чувствуваат и двајцата. Жената Риби по природа е сочувствена и емотивна и би се впуштила во животните искуства, не размислувајќи за тоа дали ќе биде повредена. Но, кога се работи за Бикот, тој е нејзиниот принц од бајките кој ќе ја спаси и ќе ѝ понуди стабилност, за никогаш повторно да не се загуби. Двајцата занесно ќе уживаат во сексот. Романтичната жена Риби и сензуалниот Бик, можат да бидат пар на кој секој би му завидувал.
Жена Бик и маж Риби
Ваквата љубовна комбинација е мистична и доколку успее, може да биде за пофалба. Мажот Риби е тој кој ја идеализира својата партнерка, замислувајќи ја како совршена љубовница. Единствено таа ќе знае како да го освои неговото срце и да ги исполни неговите фантазии. Во оваа врска, жената Бик ќе биде позависна од својот партнер и ќе се грижи за деталите во врската. Од друга страна, мажот Риби со помош на својата возвишена љубов, ќе може да ја излечи душата на својата дама. Во сексуална смисла на зборот, овој пар е божествен. Мажот Риби обожава да ја задоволува својата партнерка, а таа ќе ужива во неговата сензуалност и интимна преданост. Тој ќе биде креативен и полн со фантазии во кревет, целосно посветувајќи ѝ се на својата дама.