Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Рак
Ракот во оваа комбинација гледа сензуалност и лојалност, со што си ја задоволува потребата за сигурност во врската. Бикот пак, ги исполнува тајните сексуални фантазии на Ракот. Оваа комбинација е одлична за секс и романса. Двајцата се емоционални, сензуални и ориентирани кон фамилијата.
Во оваа комбинација, кога за првпат се среќаваат Ракот и Бикот, често се појавува елемент на мешање од некоја поранешна љубовна врска. Како и да е, двајцата ќе заборават на сите минати љубови, штом подобро се запознаат и се вљубат еден во друг. Ракот конечно пронаоѓа некој кој може да му го обезбеди вистинскиот интензитет, нешто што претходните партнери не можеле да го исполнат. Овие двајца ќе патуваат и ќе доживуваат многу задоволства заедно. Музиката и сензуалната возбуда секогаш ќе бидат видливи во оваа врска. Бикот ја обожава длабочината на Ракот и ќе остави сѐ, со цел да го задржи за себе сексапилниот и хипнотизирачки партнер.
Сексот ќе ги остава без зборови и без разлика на кој јазик зборуваат, нема да им биде потребен преведувач. Сексот ќе ги привлекува, а љубовта ќе биде она што на крајот секогаш ќе ги спојува заедно. Бикот ќе мора да намали со својата тврдоглавост, инаку Ракот ќе се чувствува отфрлен и нерасположен. Бикот ќе го разбира Ракот повеќе, доколку тој кажува што точно му лежи на срце. Бикот ќе има стабилизирачко влијание за врската и може да придонесе за сексуално ослободување на Ракот. Двата знака можат многу да добијат од оваа врска.
Маж Бик и жена Рак
Жената Рак и мажот Бик се љубовен пар создаден во рајот. Овие двајца се поврзани на физичко и емоционално ниво и инстантно ќе почнат да се разбираат еден со друг. Тие се многу интуитивни и кај нив нема потреба од многу зборување. За време на нивниот љубовен состанок, може да се очекува спектакуларна храна и удобност во комбинација со луксуз, бидејќи обата знаци ја ценат својата материјална безбедност.
Сексуално овие двајца секогаш му се предаваат на океанот на љубовта и еротиката. Жената Рак се потпира на своите инстинкти за задоволување на својот маж, а тој ја има издржливоста на која би му се поклонила и сексуалната божица. Овие партнери ќе уживаат и во давањето и во примањето љубов.
Жена Бик и маж Рак
Жената Бик инстантно ќе биде навлечена на мажот Рак, бидејќи ќе може да почувствува дека тој може да ѝ ја обезбеди безбедноста која ѝ е потребна. Тој ќе ја обожува нејзината лојалност и истрајност. Овој љубовен спој може да придонесе за сексуално блаженство. Таа ќе го цени вниманието кое тој ќе го посветува на сите нејзини потреби и неговата желба да го негува нејзиното тело. Мажот Рак ќе го возбудува држењето на неговата понежна половина, кое е секси, стабилно и благопријатно. Тој секогаш ќе знае дека таа ги разбира неговите најсензуални емоции. Сексот помеѓу нив ќе биде нежен, задоволувачки и страстен. Нивната интуитивна конекција ќе биде силна, па зборови нема да им бидат потребни.
Napisete za lav i rak, ve molam 😊🙈