Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Лав

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Лав

Овие двајца многу ќе се забавуваат заедно и притоа ќе оформат силно пријателство. Имаат слична замисла за тоа како треба да изгледа сексот, а тоа е одличен старт. Лавот смета дека во Бикот се крие многу страст и сензуалност. Бикот пак, е инстантно привлечен од екстравертниот Лав. Тој ќе биде покрај Лавот и во добри и во лоши времиња, а тоа е нешто што на Лавот му е потребно за да се чувствува стабилно. Бикот исто така смета дека индивидуалноста на Лавот е многу секси.

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Лав

Ова може да биде многу вредна љубовна комбинација, во која секој од партнерите ќе се чувствува среќно. Пред воопшто да станат свесни, тие веќе може да бидат лудо вљубени еден во друг. Бикот е сериозен, посветен и сензуален. Затоа Лавот смета дека е личност која треба да ја задржи покрај себе. Нивното пријателство ќе биде евидентно, дури и хемијата помеѓу нив да исчезне. Двајцата ќе научат многу за себеси во оваа врска. Нивната романса може да има и краткотраен и долготраен потенцијал, но дефинитивно е доволно вредна, за двајцата да се потрудат да ја направат успешна.

Маж Бик и жена Лав

Тие ќе бидат многу интересен љубовен пар. Навидум, овие двајца ја сочинуваат основата на секоја љубовна врска, но тие нема да бидат согласни за покрупните работи во животот. Жената со хороскопски знак Лав, ќе биде привлечена од финансиската сигурност која тој може да ѝ ја овозможи, затоа што и самата сака да живее екстравагантен и луксузен живот. Тој пак не е толку нападен, наметлив и самобендисан како неа и овие нејзини особини, може да му бидат многу одбивни на нивните први состаноци.

Нивниот сексуален однос ќе биде сензуален, нежен и сладострастен. Тој сосема ќе ужива во страста која неговата Лавица ќе му ја покаже, а таа ќе ужива задоволувајќи го нејзиниот маж. Всушност, тој е толку сексапилен, што ќе го стопи нејзиното срце како путер!

Жена Бик и маж Лав

Овие двајца ќе креираат добра љубовна комбинација, само доколку се желни да се откажат од нивната тврдоглавост и си покажат обострана почит. Таа очекува лојалност и физичко демонстрирање внимание, а тој сака постојано да му се повторува дека е најдобриот маж кој гази на планетата Земја. На жената Бик може да ѝ претставува тешкотија постојано да го негува неговото его, бидејќи таа попрво би сакала да негува други делови од неговото тело. Машкиот Лав е страстен и ќе ѝ докаже на неговата партнерка, дека може да биде многу великодушен и истраен љубовник под чаршафите. Во тоа ќе ужива сензуалната жена Бик, но треба да има на ум дека неговата искра ќе исчезне, доколку таа почесто не му го „бакнува“ неговото его.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар