Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Бик

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Бик

Овие двајца можат да бидат многу моќен пар, кој може да успее и на финансиски и на фамилијарен план. Кога првпат ќе се здогледаат двајца Бикови, помеѓу нив веднаш се јавува физичка привлечност и многу сензуалност. Оваа комбинација има потенцијал и за долга и за кратка врска. Без воопшто да забележат, тие можат лудо да се вљубат еден во друг или барем да почувствуваат дека се поврзале на едно подлабоко сексуално ниво. За развојот на нивната млада врска, добро е да прошетаат некаде надвор од градот.

Сексуална астролошка компатибилност: Бик и Бик

Биковите треба да бидат трпеливи околу сексот. Лојален, сензуален и длабок, ова може да биде партнерот по кој отсекогаш трагал Бикот. Тие треба да се обидат да направат нешто од оваа врска. Нивниот секс може двајцата да ги трансформира, а нивната љубов може да им го одзеде здивот. Без разлика на сѐ, треба да бидат сигурни дека навистина се заљубени еден во друг, инаку еден од партнерите може да си замине жалејќи за искуството.

Дефинитивно оваа љубовна врска е многу сензуална. Бавниот и привлечен сексуален танц во кој можат да уживаат мажот и жената Бик е неверојатен. Двајцата знаат да бидат тврдоглави, па доколку меѓу нив се појави несогласување, тоа може да ги одведе до ќорсокак. Како и да е, бидејќи се водат по силни принципи и вредности и се многу лојални личности, мала е веројатноста дека кавга би ги разделила, откако ќе се заљубат еден во друг. Ако овие двајца се во врска, животот може им да стане малку скап. Тие уживаат во раскошни, луксузни работи, но секогаш се и спремни напорно да работат за да си ги овозможат. Перфектниот љубовен состанок според нив вклучува масажа, јадење вкусни чоколатца во кревет и задоволување еден со друг, цела вечер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар