Сексуален хороскоп за 2020 година
Вага
Иако почетокот на годината нема да започне како што се надевавте, не значи дека работите ќе одат во погрешна насока цела година.
Во текот на 2020 година ве очекува многу среќа, но сето тоа зависи од вашето расположение и од видот на сексуалните позиции во коишто ќе сакате да бидете. Овој среќен период ќе ве врати во стабилна состојба и ќе направи чуда за вашата физичка енергија и за вашата сексуална моќ.
Доаѓаат вашите 5 минути, но ќе треба малку да почекате.
Скорпија
Ако имавте лоша репутација меѓу останатите хороскопски знаци, сега ќе имате уште полоша поради сексот без емоции. Сè додека пристапувате кон сексот без емоции, оваа година ќе биде добра за вас. Таквиот пристап ќе биде во ваша корист бидејќи ве очекува изненадувачка сексуална година.
Стрелец
Личностите родени во овој хороскопски знак се авантуристи, а такви се и во својот сексуален живот. Оваа година, преку авантура ќе стигнете до многу уникатни сексуални средби. Во потрага по повеќе авантури, ќе успеете да најдете излез од непријатните ситуации. Ќе се чувствувате посреќни од вообичаеното, а тоа ќе ја зголеми вашата сексуална самодоверба. Авантуристичкиот секс постојано ќе биде на вашето мени.
Јарец
Додека повеќето хороскопски знаци нема да имаат сјаен почеток на 2020 година, личностите родени во хороскопскиот знак Јарец нема да го имаат тој проблем. Во текот на оваа година ќе се чувствувате опуштено, без стрес и спремни за љубов.
Ако сте сингл, ќе најдете задоволство во сите области од вашиот љубовен живот. Ако сте во врска, ќе ги разгорите старите страсти. Ако сте раскинале, можеби ќе ги разгорите страстите со поранешниот партнер.
Водолија
Сексот нема да ви биде главен приоритет во текот на 2020 година. Ќе имате тенденција да ги одложувате вашите задачи, а тоа ќе се одрази на вашиот сексуален живот. Решавањето на проблемите и извршувањето на задачите правете го навреме ако сакате вашиот сексуален живот драстично да се подобри.
Со други зборови, понекогаш треба да се препуштите на задоволствата ако сакате да имате активен сексуален живот во текот на 2020 година.
Риби
Можете да држите лутина засекогаш, но исто така можете да чувствувате и длабок мир, дури и во вашиот сексуален живот.
Оваа година ќе имате целосен спектар на сексуални искуства. Партнерот ќе има голем придонес за тоа, но вие интуитивно ќе знаете кога и како да внесете мир, а тој мир ќе го почувствувате и во сексуалните моменти. Уживајте во претстојните сексуални искуства со целата таа интуиција што сте ја заклучиле во вас.
Прочитајте каква ќе биде состојбата на вашето здравје во 2020 година.