Секси совети за секој хороскопски знак: Како да ја разгорите страста во спалната соба?

Секси совети за секој хороскопски знак: Како да ја разгорите страста во спалната соба?

Како што многу добро знаете, секој човек е сосема различен и сака различни работи, без разлика дали станува збор за облека, храна, филмови, музика или водење љубов. Сите луѓе имаат различни потреби и им одговараат различни тактики. Кога станува збор за сексот, секој хороскопски има некои способности што му помагаат да ја вжешти атмосферата во спалната соба. Прочитајте ги секси советите што дефинитивно ќе направат да се чувствувате позадоволно.

Секси совети за секој хороскопски знак: Како да ја разгорите страста во спалната соба?

Овен: Искористете го бесот

Овенот е авантурист по природа, а тоа може да го искористи и за некои многу забавни активности во спалната соба. Се разбира, што и да правите, правете во согласност со партнерот.

Бик: Уживање во сензуална масажа

Биковите сакаат сè што е сензуално, особено ако може да легнат, да се релаксираат и да уживаат. Секси масажата може да ја отстрани тензијата на многу начини.

Близнаци: Непослушни разговори

Припадниците на овој хороскопски знак се познати како личности што многу зборуваат, па тие ги обожаваат „валканите разговори“ во спалната соба.

Рак: Контакт со очите

Чувствителните Ракови ја сакаат страста со допир на романтика, па нив особено ги возбудува контактот со очите. На тој начин тие се чувствуваат видени, заштитени и посакувани.

Лав: Внесете ја драмата

Лавовите се вистински кралици на драмата и ѕвезди во спалната соба, особено ако можат да ги остварат своите фантазии вклучувајќи и малку креативност.

Девица: Експериментирајте со доминацијата

Девиците сакаат да служат, што ги прави совршено подредени во ова сценарио. Иако овие личности се многу скромни, тие се меѓу најперверзните знаци во спалната соба.

Вага: Не плашете се да бидете гласни

Вагите сакаат да прават сè според правилата, но кога станува збор за сексот, обожаваат да ги прекршуваат. Особено уживаат ако нивниот партнер им даде до знаење дека тоа што го прават е добро.

Скорпија: Направете го тоа во темница

Скорпиите се напнати и повлечени, па затоа најдобро е да имате секс во темница каде што нема да има осудувања, туку само мистерии и задоволства.

Стрелец: Обидете се со малку егзибиционизам

Стрелците се возбудуваат кога ризикуваат. Затоа, оставете ја вратата отворена или не ги повлекувајте завесите целосно, а адреналинот што ќе го почувствувате ќе биде неверојатен.

Јарец: Доминација со полна сила

Јарците по природа се шефови и се чувствуваат многу удобно во таа улога, а тој талент може да го искористат и во спалната соба. Дозволете им да доминираат за крајно задоволство.

Водолија: Секси играчки

Како хороскопски знак што ги следи технолошките иновации, Водолиите секогаш сакаат да пробуваат нови уреди, вклучувајќи ги и оние за лично задоволство.

Риби: Прифатете ја разновидноста

Рибите се романтични и носталгични личности, па затоа најчесто уживаат во таквите пози. Ако ја доведете Кама Сутра во спалната соба, можеби ќе можете да ја отклучите нивната дива страна.

Прочитајте кои се 5-те хороскопски знаци што имаат најдобри сексуални односи.

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар