Секој хороскопски знак има две лица – ова се вашите!
Светлина и темнина, живот и смрт, среќа и тага, добро и зло, успех и неуспех… Во животот, сè е комбинација од позитивно и негативно, комбинација од сила и слабост. Истото ова важи и за хороскопските знаци. Секој од нив има две лица, односно позитивни и негативни страни. Пронајдете го вашиот знак во продолжение и дознајте кои се вашите две лица!
Овен
Овој знак го карактеризира висока енергија, страст, мотивација и амбиција. Тој ја загрева секоја просторија со својата самодоверба, храброст и силна волја. Од друга страна пак, многу лесно може да стане нервозен, агресивен и непријатен. Исто така има и потешкотии кога ги слуша луѓето и се лути ако нештата не се по негово.
Бик
Бикот има тенденција да биде стабилен, посветен на партнерот и верен. Но, од друга страна пак, тој може да биде и многу тврдоглав и има тенденција да стане посесивен во врската.
Близнаци
Нивното име веднаш укажува на постоењето две страни од личноста. Од една страна, Близнаците се пријателски настроени и отворени. Тие имаат авантуристички дух и не дозволуваат ништо да им го наруши расположението. Од друга страна пак, понекогаш се површни и импулсивни кога станува збор за донесувањето одлуки. Исто така покажуваат тенденција и за анксиозност и депресија.
Рак
Ракот е прекрасен, секогаш грижлив, посветен и лојален. Тој е неверојатен слушател, чувствителен и љубезен. Но, неговата преголема чувствителност понекогаш му носи и проблеми. Поточно, Ракот е посклон на депресија, анксиозност и психолошки нарушувања. Често погрешно е сфатен и се карактеризира како личност која е насочена само кон себе. Ова води кон негово изолирање и самосожалување.
Лав
Лавот е роден лидер со друштвени, шармантни и забавни карактеристики. Но, истовремено и не е тимски играч, па може да биде претенциозен и претерано драматичен. Да не заборавиме и на фактот што премногу се фали.
Девица
Личноста родена во знакот Девица е целосно насочена кон деталите, и е вистински екстремист кога станува збор за методи, логика и аналитика. Таа има неверојатно трпелив карактер и секогаш наоѓа решенија за проблемите. Но, нејзината склоност кон претерана анализа и пресериозно сфаќање на нештата ја прави нефлексибилна и крута, понекогаш дури и ладна и непријатна.
Вага
Вагата е љубезна личност што ги почитува луѓето и што сака да им помага на сите. Таа има тенденција и да ја држи рамнотежата околу себе. Сепак, оваа склоност кон одржување рамнотежа не секогаш е практчна, како и нејзината мирна природа што ја прави неодлучна и неспособна да им се спротивстави на другите.
Скорпија
Нејзината најдобра карактеристика е неодоливоста што другите ја чувствуваат во нејзина близина. Таа е духовита и поседува саркастична смисла за хумор. Скорпијата е страсна, организирана, независна и снаодлива. Но, исто така има и лоши страни. Таа понекогаш знае да биде многу манипулативна и склона на одмазда ако некој ѝ згреши.
Стрелец
Неговиот интензитет е привлечен за сите околу него. Стрелецот е безгрижен, забавен и со силен авантуристички дух. Но, тој исто така има и огнен карактер, што го прави многу непредвидлив.
Јарец
Поттикнат од богатството и успехот, Јарецот е највредниот работник од сите хороскопски знаци. Тој е многу интелигентен, со силни логички и практични вештини. Најважното нешто на светот му е неговата работа, па затоа и лесно може да стане зависник од работата. Поради големата гордост, понекогаш му недостасува трпение да ги сослуша идеите на другите. Исто така, има тенденција да биде тврдоглав, бескомпромисен и со лош темперамент.
Водолија
Водолијата е интересна поради својата љубов кон патувањето, истражувањето нови култури и запознавањето луѓе. Таа има различни интереси, и ужива во животот и предизвиците. Но, кога станува збор за соочување со проблемите во односите, нејзиниот интровертен карактер и емоционалната недостапност може да ѝ направат дополнителни тешкотии.
Риби
Рибите се најкреативниот знак, длабоко емоционални и чувствителни. Но, тие исто така имаат тенденција и да бидат самотници, како и да се изгубат во светот на своите фантазии бидејќи им е тешко да останат во допир со реалноста.
Пронајдете го својот хороскопски знак и дознајте по 30 брутални вистини што треба да ги знаете за вашиот карактер.