Романтични во врските и грижливи пријатели: Жените Ракови се најчувствителниот хороскопски знак
Жените Ракови имаат чувства кои постојано варираат, па токму затоа во една секунда можат да бидат исклучително тврдоглави, во друга попустливи, во третата лути, а веќе во четвртата смирени. Тие имаат силна волја и голема трпеливост, но понекогаш знаат да бидат и многу резервирани, па поради тоа да се повлечат во својот „заштитен оклоп“ доколку некој ги вознемирува или провоцира.
Тие не само што се во целосен допир со своите потреби, туку и многу често знаат што им е потребно на другите, правејќи ги едни од најчувствителните хороскопски знаци во Зодијакот. Дури и најмалата критика која е упатена кон нив тие ќе ја земат при срце и можеби никогаш нема да ја заборават. Раковите ги краси длабока интуиција поради која вреди да се послуша нивното мислење за сите теми.
Секс и врски
За жените Ракови совршен партнер е оној кој сака да се гушка покрај каучот, гледајќи ТВ и пиејќи вино. Тие најсигурно се чувствуваат во својот дом, а семејството за нив е нешто најважно. По природа се грижливи и фамилијарни жени, кои секогаш во врските даваат многу повеќе одошто земаат. Тие сакаат мирен и стабилен семеен живот, додека пак сигурноста и верноста им се најважниот дел од љубовната врска.
Заведувањето и сензуалните фантазии се оние нешта во кои жените Ракови неизмерно уживаат. За нив сексот е нежен и сензуален танц, па токму затоа потребно им е емотивна поврзаност со партнерот со цел да можат да се впуштат во овој чин. Тие сакаат мажи кои ќе бидат доминанти во сексот и од кои можат да учат многу нови начини на задоволување.
Пријателство
Тие се многу грижливи и внимателни пријателки. Жените Ракови се оние кои ќе се погрижат сите да пристигнат дома безбедно по лудото вечерно излегување и кои секогаш ќе се јавуваат за да проверат дали сте добро. Доколку ви е потребно некој да ве утеши, пријателките во овој знак ќе го направат тоа најдобро. Тие своите најблиски ги чуваат како вредно богатство, но и тие самите се неверојатни вредни за чување.
Изглед
Привлечни црти на лицето, големи очи, подигнат нос, полни усни и широка насмевка се само дел од карактеристиките кои ги опишуваат жените во овој знак. Тие најчесто имаат лице кое е најшироко во областа помеѓу ушите, со посветла боја на кожата и светло кафеава коса. Голем дел од жените Ракови имаат бујни гради, додека пак оние со помали имаат убаво обликувана форма бидејќи токму градите се оние кои се карактеристичен дел од нивното тело. Тие се со просечна висина и витки, имаат долги раце, силни шаки и стапала кои најчесто се големи. Исто така имаат долга линија на струкот и раскошни бокови и бедра.