Роденденски подарок за вашата партнерка Водолија

Роденденски подарок за вашата партнерка Водолија

Автор: Зорица Тодорова

Окарактеризирани со отворен ум и бистар интелект, Водолиите овие квалитети ги внесуваат и во нивните лични врски. Луѓето со овој хоросокпски знак се родени помеѓу 20-ти јануари и 18-ти февруари. Еве што треба да имате на ум ако планирате подарок за жена Водолија.

Роденденски подарок за вашата партнерка Водолија

1. Храна за мисли

Најважната особина на една Водолија која ја разликува од другите е нејзиниот бистар, постојано љубопитен ум. Таа сака да навлезе во суштината на сѐ што ја опкружува и да дознае како тоа функционира. Жената Водолија е начитана и затоа вистинската книга со сигурност нема да ја разочара. Барајте наслови кои се занимаваат со различните култури, науката, патувањата, општествените проблеми кои интелектуално ќе ја ангажираат. Заборавете на здодевните истории и сентиментални романтики бидејќи Водолијата е повеќе ориентирана кон иднината наместо кон минатото, таа не е носталгичар. Исто така конвенционалното брзо ѝ додева, па така најновите бестселери не се доволно голем предизвик за неа. Таа нема простор за фантазија – нејзиниот ум се храни со научна фантастика и футуристични романи бидејќи ѝ е потребно интелектуално ангажирање.

1-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-vodolija-kafepauza.mk

2. Помогнете ѝ да изгледа софистицирано

Добриот вкус на Водолијата во културните достигнувања се проширува и на нејзиниот изглед. Таа сигурно секогаш сака да биде модерна и средена, па иако можеби ги следи модните трендови, нејзиниот личен стил е индивидуален. Затоа ако барате парче облека или накит за вашата понежна половина, одберете нешто формално за свечени пригоди, како добро струкирано сако или оригинален часовник, нешто кое ќе го истакне нејзиниот слободен дух.

2-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-vodolija-kafepauza.mk

3. Несекојдневно искуство

Имајќи ги предвид оригиналноста и слободниот дух на вашата Водолија, таа ќе ужива во некое спонтано искуство кое ќе ја извади од колосекот на секојдневните обврски. Така, додека другите парови одат на куглање или на кино, размислете за некои поуникатни начини да ѝ го разубавите денот. Ако ја обожава природата, одведете ја на набљудување на птици или во лов. Исто така, поголемите градови секогаш имаат големи салони за автомобили каде што ќе може да ја задоволи нејзината желба за брзина и луксузни автомобили со едно тест-возење.

3-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-vodolija-kafepauza.mk

4. Задоволете ги нејзините хуманитарни интереси

Водолиите вообичаено се грижат за општата благосостојба и доброто на човечкиот напредок, значи подароци кои во својата позадина носат социјално свесни пораки, благонаклонети кон природата, се добредојдени. Што било од рециклирана масичка, до „Greenpeace“ маица или донација во нејзино име длабоко ќе ја погоди. За да ѝ го направите денот уште пооригинален, пријавете се заедно како волонтери во некоја институција како училиште за деца со посебни потреби или заштита на животни.

4-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-vodolija-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар