Роденденски подарок за вашата партнерка Стрелец

Роденденски подарок за вашата партнерка Стрелец

Автор: Зорица Тодорова

Стрелецот е деветтиот знак од астролошкиот календар и ги вклучува оние родени помеѓу 22-ри ноември и 21-ви декември. Секогаш спремни за забава, полни со идеали и љубов спрема слободата, жените во овој хороскопски знак се одлични партнерки за врска од каков било вид. Затоа ако го барате совршениот подарок за вашата поубава половина, ви даваме неколку одлични предлози.

0-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mk

1. Ден исполнет со забава

Жената Стрелец е полна со енергија, што не треба да ве изненади имајќи предвид дека елементот кој владее со нејзиниот знак е огнот. Во таа смисла, вашата партнерка ќе цени сè што е исполнето со адреналин и акција. Однесете ја во дискотека или забавен парк каде може целосно да се препушти на добрата забава. Нејзиниот авантуристички дух ќе биде воодушевен од параглајдерство или банџи-скокање во кое ќе учествувате и двајцата. Ако сметате дека ноќ во казино е добра идеја, размислете повторно: Стрелците понекогаш знаат да бидат импулсивни и не секогаш се водат од здравиот разум кога станува збор за игрите на среќа.

1-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mk

2. Моќта на идеите

Покрај тоа што се љубители на забавата, повеќето Стрелци сепак имаат изразена филозофска страна. Нивната водечка планета е Јупитер што ја објаснува нивната преокупација со големите животни прашања и способноста за мудри одлуки. Книгите се природниот избор за личности чиј интелект е сестран исто колку што е и прогресивен. Одберете ги најзначајните дела од познати филозофи, социолози, хуманисти и политички реформисти и мислители. Во комбинација со книгите може да организирате да присуствува на предавања од некој познат писател или да ја однесете на работилница за прогресивни идеи и иницијативи.

2-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mk

3. Патување

Можеби најлесниот начин да ја задоволите жената Стрелец е да ѝ подарите одмор. Ниту една дестинација не е премногу здодевна или опасна за неа, таа едноставно обожава да го спакува својот куфер и да отпатува. Однесете ја на викенд на место кое досега не го посетила или едноставно качете се на авион до најблиското место заради самата возбуда од летањето. Доколку сепак не можете да си дозволите одмор, подарете ѝ некоја игра поврзана со патувања и егзотични дестинации која ќе ја оттргне од секојдневието. Исто така може да ја изненадите со прекрасен старомоден компас или атлас.

3-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mk

4. Нешто персонализирано

Ако сакате вашиот подарок да биде романтичен, одберете парфем кој најдобро го изразува слободниот дух на вашата партнерка. Барајте мириси со овошни, цитрусни ноти како „Miss Dior“ на Диор или „Gossip“ на Синди Адамс. За оние жени кои обожаваат накит, барајте уникатни парчиња со нејзиниот омилен камен.

4-rodendenski-podarok-za-vashata-partnerka-strelec-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар