Риби и рак – љубовна комбинација
Љубовната комбинација помеѓу риби и рак претставува позитивно соединување на две големи души. Двата знака се во основа толерантни и сочувствени, а рибата добива бран на енергија од идеите кои ги има ракот. Таа може да му ги отвори очите на нејзиниот рак, кон светот на креативноста и духовноста. Практичноста која ја има ракот, пак може да биде водич за рибата, кој ќе и помогне да ги реализира нејзините соништа и утописки идеи. Она што го прави овој пар „небесен“, е нивната неверојатно цврста и повеќеаспектна емоционална конекција.Ракот ги цени материјалните работи, удобниот живот и богатиот дом, па понекогаш може да не умее да го сфати едноставниот, минималистички животен стил на рибата. И покрај тоа што овие двајца партнери може да имаат различен животен стил и да тежнеат кон остварување на различни цели, сепак она што секогаш ќе ги поврзува и ќе додава вредност на нивната врска, е нивната емоционална длабочина и поврзаност.
Ракот е управуван од Месечината (емотивност), а рибите од Јупитер (филозофија) и Нептун (илузија и соништа). Кога Месечината и Нептун се поврзуваат, создаваат една духовна конекција. Двата знака зрачат со нежна, женствена енергија. Заеднички, тие создаваат една идеалистичка, речиси божествена унија, во која акцентот е ставен на заедничките соништа и илузии на партнерите. Рибата е воедно предводена и од Јупитер, планетата на среќата, која додава мажествена енергија на оваа комбинација и репрезентира филозофија, развој и неумереност. Природата на оваа љубовна комбинација е утопистичка и е облеана со емоционална интригантност. Емоција, длабочина, топлина и развиток – сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито нели? Но, не и за овој пар.
Овие два хороскопски знака очекуваат многу од нивните љубовни врски. Ракот треба да внимава да не ја попречува рибата во нејзиното мечтаење, бидејќи таа ќе почне да се задушува од премногу барања. Рибата живее за да креира добра конекција со луѓето во нејзиниот живот и кога таа нејзина карактеристика доаѓа во комбинација со интуицијата и нежноста на ракот, нема поцврста врска од оваа.
За да не се претопи нивната врска во еден нереален романтичен идеализам, помага стабилниот поглед кон животот кој го има ракот. Тука не станува збор за тоа дека ракот некако успева да се справи со мечтателската природа на рибата. Ракот искрено ја разбира емоционалната двосмисленост на рибата и може да и помогне да ја стабилизира нејзината фантазерска природа. Недоразбирања во оваа љубовна врска може да настанат доколку рибата се умори од отсутноста и расеаноста на ракот, а на ракот пак може да му здодее од нарцисоидноста на рибата. Во секој случај, на овој пар му е прилично едноставно да постигне компромис.
Интуитивен во љубовта и во животот воопшто, ракот сака да ги реализира целите со добро осмислена идеја на ум и цврст план запишан на лист хартија, за да може ги следи неговите етапи. Рибата од друга страна, најчесто во реализирањето на своите цели се потпира на инстинктот. Дури и ако ракот, како нејзин љубовен партнер, и го состави планот на хартија и ѝ го даде готов, таа, метафорично кажано, најверојатно ќе го изгуби. Тоа значи дека ракот треба да и даде на рибата слобода да си ги следи нејзините сопствени интереси и да и овозможи да си го прави ќефот без да биде уплашена од неговите побарувања и очекувања од неа. Рибата може да му покаже на ракот дека успешното завршување на работите, може да биде многу поважно од самата иницијатива за истите и дека компромисот без борба, понекогаш може многу да се исплати.
Рибата и ракот меѓусебно се „хранат“ од енергијата на својот љубовен партнер и се многу комплементарни љубовници. Најдобриот аспект од нивната врска е нивната слична емоционална природа. Тие одлично се разбираат, меѓусебно се поддржуваат и негуваат и двајцата умеат да се стават и во улога на ученици и во улога на наставници. Хармонијата, приврзаноста и соживувањето со ставовите и чувствата на својот љубен, е она што го одржува ова партнерство многу цврсто.
Mosne interesno no i vistinito,potocno kompleten horoskop….bravo!!!!
Jas sum rak 🙂
i jas sum rak i ludo sakam edna riba
Potocno nesto od ova ne sum videl!! 😀 🙂
Да да баш е точно, а и баш е интересно што јас во подзнак сум риба, а тој во подзнак рак…
Jas sum Riba a soprugot e Rak ;)….Preubava kombinacija…
И јас сум рак а мојот сопруг риба. После 25 години во брак
можам да кажам дека навистина има точност во погое напишаното. Комбинацијата е прекрасна.
Mojata najgolema Prijatelka e Riba,a Jas Rak…Si ja pocituvam i sakam kako SESTRA….
риба сум…и сакам едно ракче 😉