Риби и лав – пријателска комбинација
Формирањето пријателство со некој лав, за рибата претставува еден вид предизвик. Таа е срамежлива, воздржана и ненаметлива, а лавот е горд, самоуверен и храбар. Рибата се грижи да ја зачува нејзината приватност, додека пак лавот со своите постапки се обидува да го привлече вниманието од околината кон себе. Рибата има проблем да се приврзе со луѓето на долг рок, додека пак лавот е навистина лојален другар, кој ќе биде тука покрај неа и во добро и во зло.Срамежливата природа на рибата, ја поттикнува заштитничката страна кај лавот. Тој обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци. Никој не ја цени дарежливоста на лавот, повеќе од рибата. За среќа, таа умее да го возврати вниманието и грижата која лавот ѝ ја дава. Таа секогаш ќе биде тука за него, ќе го ислуша, ќе му даде поддршка, ќе му свари чајче, па ако треба и ќе му ги брише солзите на кога тој е разочаран.
Постојат ли некакви несовпаѓања помеѓу карактерите на овие двајца пријатели? – Понекогаш да, бидејќи лавот е прилично посесивен во односот кон своите пријатели, што може да направи слободоумната риба да се чувствува малку неугодно. Од друга страна, непоправливата умствена отсутност на рибата може да го излудува лавот, кој го нервира тоа што таа никогаш не знае кај ѝ е клучот, секогаш го заборава паричникот некаде, а ѝ се случува во брзање и да облече различни чорапи.
Наспроти овие разлики, лавот и рибата неизмерно се почитуваат. Рибата се восхитува на срдечноста и дарежливоста кои ги поседува лавот, додека пак тој е импресиониран од чудесната имагинација која ја има рибата. Доколку овие пријатели успеат да ги минимизираат недоразбирањата по некои прашања, нивната врска може да биде многу цврста. Лавот може да ѝ помогне на рибата да ја зајакне својата самодоверба, а таа може да го поттикне креативниот начин на размислување кај лавот.
Рибата и лавот ги почитуваат разните уметнички облици со сета своја страст, па може да уживаат заедно одејќи в кино на добар филм, на некои концерти или на уметнички изложби. Нивно хоби може да биде и посетување часови по танц или сликарство.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Da, tokmu taka. Jas sum riba, a toj e lav. kombinacija SUPER. Ljubov, pocit, ,trpelivost, odvaznost…… Odlicna kombinacija, vrska koj sekoj posakuva da ja ima, ne samo prijatelska tuku i ljubovna.
odlicna kombinacija.. vrska vo koja na lavot nikogas nema da mu bide dosadno a ribata ke ima sigurnost.. zaednickite planovi ke se ostvaruvaat eden po eden.. vo ovaa vrska ribata ke uspee da gi zivee svoite sonovi, a lavot da vleze vo svet osloboden od sekojdnevnite pritisoci.. uspehot e zagarantiran i na dvete strani..