Риби и бик – љубовна комбинација

Риби и бик – љубовна комбинација

Љубовното партнерство сочинето од риби и бик, во главно е среќно и хармонично. Нивната врска има тенденција да биде базирана на добра карма и меѓусебна поддршка и разбирање. Додека рибата е импресионист, кој сака да идеализира и мечтае, бикот и поприземен и практичен.  И двата знака умеат да ја негуваат нивната врска и да ја одржуваат стабилна и балансирана.Риби и бик - љубовна комбинацијаБикот и рибите имаат многу нешта да си понудат еден на друг. Бикот благодарение на својот приземен пристап кон работите, може да и укаже на рибата на кој начин да ги претвори нејзините соништа во реалност, а таа за возврат ќе му понуди на бикот разбирање, нежност, љубезност и сочувственост– карактеристики кои бикот ги обожава и сака да бидат дел од неговиот љубовник. Одвреме-навреме бикот најверојатно нема да може да го разбере навидум едноставниот поглед кон животот на рибата. Во реалноста се разбира, рибите не се воопшто едноставен знак. Тој спаѓа во категоријата водни знаци, а водата симболизира длабоки емоции.

Бикот е предводен од Венера, планетата на љубовта, а рибите од Јупитер (среќа) и Нептун (илузии). Кога влијанијата на Венера и Нептун се соединуваат, создаваат една фантастична спиритуална конекција. И бикот и рибите, зрачат со нежна, женствена енергија, а во комбинација, тие формираат една идеалистичка врска која се граничи со божественоста. Јупитер додава мажествена енергија на оваа комбинација. Оваа планета репрезентира филозофија, развиток и неумереност.

Овие два знака заеднички можат да ја креираат љубовта од бајките за која и двајцата отсекогаш сонувале. Тие во оваа врска може да се чувствуваат како Рајот да дошол на Земјата. Недостатокот на ова романтично љубовно гнездо се состои во тоа што, оваа опојна, фантазерска конекција може да се состои само од тоа – соништа, илузии, фантазии. Во секој случај, бикот и рибата се високо компатибилни знаци.

Бикот може да и помогне на рибата да ја стабилизира нејзината чувствителност, додека таа може да внесе малку „магија“ во практичниот начин на решавање на работите кој го има бикот. Но, партнерите сепак треба да бидат внимателни, бидејќи и премногу добро, не е добро. Бикот е секогаш подготвен, упорен, тврдоглав, практичен и фокусиран на една работа во еден момент, додека рибата го сака чувството на преминување од една на друга мисла, зависно од расположението. Бикот може да се умори од емоционалната нестабилност на рибата, а таа може да се почувствува како бикот да не е доволно емотивен кога станува збор за нејзините потреби. Крутоста на бикот, може да ја „убие“ флексибилноста која ја има рибата.

Добрата работа е тоа што, генерално на овие два хороскопски знака им е лесно да пронајдат начин да ги надминат нивните разлики. Рибата може да го поучи бикот дека заедничкото размислување понекогаш може да донесе подобри резултати  (две глави мислат подобро од една), отколку едностраното, фиксно решавање на работите на неговиот еден и единствен начин.

Најдобриот аспект на љубовната комбинација риби – бик е комплементарноста и хармоничноста на нивните различни емоционални природи. Тоа што и двата знака сметаат дека поддршката и посветеноста помеѓу партнерите треба да ги има секоја љубовна врска, е она што ќе ги одржи нив двајца на долг рок, во цврсто заедница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. sneze Reply

    bas i vistina e se ova

  2. dani Reply

    taman seee

  3. kristina Reply

    i jas mislam deka e vistina

  4. cuca Reply

    vooa horoskop bas nisto ne pogoduva bik-ribi katastrofalna kobinacija

  5. Kuca Reply

    Cuco pojma nemas

  6. Golubinka Reply

    mn iskreno kazano fala za informacijatta so koja mozam da ja toleriram ribata..

  7. klime Reply

    ne odgovara u nikoj slucaj jas sum riba no so ljubomoren bik u nikoj slucaj go oterav u picku mater zena bik u nikoj slucaj nikogas

  8. Dalibor Reply

    EP10 si e sve na mesto !!!
    Dany SAKAM TE 🙂

  9. Sonja Reply

    jas sum bik so riba

Остави коментар