Ретроградниот Меркур ќе има најлошо влијание на овие хороскопски знаци
Враќањето на Меркур не е нешто што едвај го чекаме, баш напротив. Ова може да влијае негативно на некои луѓе. Посебно лошо ќе биде за луѓето кои се во хороскопскиот знак Близнаци, Девица и Скорпија. Наместо да гледате на негативните работи, искористете го ова време за рефлектирање и повторно размислување на ситуациите кои ви се случуваа неодамна.
Близнаци: Можно е да се чувствувате преоптеретени со обврски
Иако претежно ги имате сите овци на број, ова движење на Меркур може да ве извади од игра. Бидејќи Меркур е ваша планета, можно е да почувствувате повеќе негативни ефекти за разлика од другите луѓе. Внимавајте на вашето здравје и дневната рутина. Исто така, може да бидете изненадени со интересни изненадувања на работното место. Запишувајте сѐ, не се форсирајте и најважно, внимавајте со кого споделувате интимни проблеми.
Девица: Можни се разни разговори и проблеми со автомобилот
Дишете длабоко. Со обратното вртење на Меркур ќе се активираат вашите комуникациски вештини, брзите пријателства и размената на информации. Иако сте комуникативни, не сте добри при изразување, посебно кога станува збор за емоциите. Меркур ќе го промени тоа и ќе ја води вашата ѕвезда. Има нешто што ве мачи? Дали има нешто што сакате да го кажете? Без разлика како ќе реагирате на ова, тајните ќе бидат откриени. И да, однесете го автомобилот на рутинска проверка, нема да зажалите.
Скорпија: Се анализирате како никогаш порано
Бидејќи Меркур е ваша планета, нема да можете да ги промените ефектите кои ќе се случат. Зошто тогаш не го искористите тоа најдобро што можете? Ќе доживеете многу недоразбирања и ќе се вратите на лоши спомени од минатото. Но покрај тоа, ова ќе биде одлично време за да се погрижите за врските и работите кои вредат за вас. Можно е да бидете принудени на разговор кој го одбегнувавте долго време.
Следно, прочитајте за кои три хороскопски знаци ќе биде најлоша оваа сезона на Скорпии.