Ретроградна Венера на 19 декември: Време е да го следиме нашето срце

Ретроградна Венера на 19 декември: Време е да го следиме нашето срце

Во недела на 19 декември Венера ќе почне да се движи ретроградно. Тоа ќе влијае врз сите нас да ги отвориме нашите срца, да ја дочекаме љубовта со ширум отворени раце и да ги продлабочиме нашите врски не само со другите околу нас туку и со работите кои ги цениме. Сите слаби точки во нашиот однос со другите исто така ќе излезат на површина, а тоа ќе нè натера да направиме самоанализа.

Ретроградна Венера на 19 декември: Време е да го следиме нашето срце

Пред да почне да се движи ретроградно, Венера ќе се спои со Плутон, а неговото присуство ќе ни помогне да ги подобриме нашите односи со луѓето што ги сакаме. Плутон ќе ни помогне исто така да се поврземе со нашето срце и мудроста што се крие во него. Венера, пак, владее со нашата способност да сакаме и да бидеме сакани. Влијае врз активирањето на нашата срцева чакра и нè инспирира да го отвориме ширум нашето срце. Нашето срце може да биде извор на моќ поделена на повеќе нивоа, а токму ретроградното движење на Венера ќе ни помогне да продреме подлабоко во неговите тајни.

Венера владее не само со романтичните врски, туку и со нашиот однос кон парите па можни се нови, креативни извори на приход во периодот што следува. Енергијата на Венера, од друга страна, ни помага да одлучиме на што вреди да го потрошиме нашето време. Ретроградната Венера може исто така да предизвика проблеми поврзани со нашето здравје, особено кога станува збор за репродуктивните органи. Со оглед на тоа дека Венера е тесно поврзана со срцето, ќе откриеме дека нашите емоции полесно се манифестираат физички.

Овој период е идеално време да се запрашаме себеси дали имаме храброст да се залагаме повеќе за себе? Што прави да се чувствуваме моќно? Како можеме да се поврземе со мудроста на нашето срце? Дали ги следиме пораките на нашето срце? Дали посветуваме време на нештата што најмногу ги цениме?

Ако размислиме за сите овие прашања ќе сфатиме дека оваа ретроградна Венера ќе ни помогне да достигнеме ново ниво на зрелост и стабилност кои ќе нè подготват за ново поглавје во нашите животи.

Откако прочитавте што ќе ни донесе ретроградна Венера почнувајќи од 19 декември, ви предлагаме да го прочитате и неделниот хороскоп од 13 до 19 декември.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар