Ретрограден Меркур од 10 мај до 3 јуни: Време е да се навратиме на минатото
Вага
Ова е време да размислите за сè што сте научиле. Затоа, астролозите ви препорачуваат да си посветите повеќе време и во мир и тишина да ги анализирате лекциите и искуствата кои ви ги донел животот. Време е и да си поставите нови приоритети.
Скорпија
Обратете внимание на вашите соништа и потсвеста за време на овој ретрограден Меркур. Можеби водењето дневник ќе ви биде од голема полза во сиот тој процес. Тоа ќе придонесе и за потребата да се „исклучите“ од светот околу вас и да се повлечете настрана. Размислувањето ќе ви помогне да откриете како навистина се чувствувате.
Стрелец
Ова е време кога ќе сфатите како да ги организирате работите во вашиот живот. Иако не е ваша работа да го расчистите туѓиот неред, сепак, можеби ќе треба да го направите токму тоа. Но, не заборавајте дека не смеете да им дозволите на другите да ги пречекорат границите што веќе сте ги поставиле.
Јарец
Бидете внимателни во поглед на проектите кои ќе ги изберете овој период. Постои можност дека тие ќе ви донесат многу повеќе обврски и тешкотии отколку што сте очекувале. Доколку во периодот се справувавте со некакви здравствени проблеми, ова е вистинското време за да се погрижите за нив.
Водолија
Ќе се јави потребата да се навратите со мислите назад на минатите врски или на честите проблеми кои се јавуваат во односот со вашиот партнер. Доколку дојде до можноста за обнова на некоја стара врска, можеби е подобро да кажете не и да си поставите граници, но и да се запрашавте што научите од сето ова. Освен тоа, не занемарувајте го и вашето ментално здравје.
Риби
Под влијанието на ретроградната енергија на Меркур ќе треба да ги поставите вашите граници, особено кога станува збор за луѓето од вашето најблиско опкружување. Овој период ќе се соочите и со важни животни предизвици, но избегнувајте да носите големи одлуки. Од друга страна, колку и да сте чувствителни, потребно е да си одвоите време за себеси.
Откако прочитавте каква енергија ќе ни донесе ретрограден Меркур во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци ќе ги остварат своите соништа во мај.
Извор: atma.hr