Ретрограден Меркур од 10 мај до 3 јуни: Време е да се навратиме на минатото

Ретрограден Меркур од 10 мај до 3 јуни: Време е да се навратиме на минатото

Од 10 мај до 3 јуни Меркур ќе биде во ретроградна позиција. Тоа значи дека во овој период мораме да се навратиме на некои работи од минатото и да обратиме внимание на пораките кои Меркур се обидува да ни ги пренесе. Еве како неговата енергија ќе влијае врз секој од хороскопските знаци.

Ретрограден Меркур од 10 мај до 3 јуни: Време е да се навратиме на минатото

Овен

Ова ќе биде поволен момент да размислите како се однесувате со луѓето околу вас. Ако сакате да воспоставите добра комуникација, мора да научите и да слушате. Доколку треба да разговарате за нешто сериозно со вашите најблиски, обидете се да ги усогласите зборовите со вашите намери, а потоа оставете ги зборовите да течат.

Бик

Во овој период ќе имате многу незавршени работи кои не смеете да ги занемарите, а за тоа ќе ве потсети и ретроградниот Меркур. Ова ќе ви се чини како тежок предизвик, но откако ќе ги завршите ќе почувствувате големо олеснување. Од друга страна, астролозите ви препорачуваат да бидете внимателни во поглед на финансиските трошоци.

Близнаци

Меркур е вашиот владетел така што во овој период ќе ги чувствувате неговите ефекти. Иако сте полни со идеи, сепак под влијание на неговата енергија ќе бидете принудени да забавите и да сфатите што навистина сакате.

Рак

Меркур ќе ви помогне да откриете изненадувачки информации кои се длабоко скриени во вашата потсвест. Вашата интуиција исто така ќе биде подобрена во овој период, па затоа обидете се да ја следите. Добро би било да размислите и за вашиот љубовен живот – можеби е време за промена.

Лав

Во овој период важно е да им верувате на сопствените инстинкти. Доколку сметате дека некои луѓе ви даваат лажни информации обидете се да стоите настрана од нив. Сепак, бидете внимателни и обидете се да ги одбегнете ненадејните реакции.

Девица

Меркур е вашата планета така што секогаш сте тесно поврзани со нејзиното ретроградно движење. Можеби ќе треба да си поставите граници кога станува збор за вашата работна средина. Обидете се јасно да ги изразите вашите очекувања и држете се до вашиот план. Од друга страна, не занемарувајте го вашето ментално здравје.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар