Рак и лав – љубовна комбинација

Рак и лав – љубовна комбинација

Кога рак и лав се во љубовна врска, тие знаат како да ги задоволат основните емоционални потреби на својот партнер. Секој од нив очекува посветеност, нежност, љубов и грижа од страна на другиот, но додека ракот е во потрага по стабилност и емоционална хармонија, лавот тежнее да му бидат давани комплименти од срце и со искрено восхитување. Двајцата партнери се многу лојални, дури и посесивни еден спрема друг, ракот за да се чувствува безбедно, а лавот за да ја „нахрани“ неговата самодоверба. Тие обострано се залагаат за истрајна и длабока поврзаност. Бидејќи нивните желби имаат многу слична природа, ракот и лавот можат да си пополнат многу важни „празнини“ во нивните животи.Рак и лав - љубовна комбинацијаЛавот и ракот преферираат удобен и стабилен живот. Сакаат да имаат убав, пријатен дом и блиски односи помеѓу членовите од нивното семејство. Лавот внесува имагинација и страст во нивниот дом, а ракот емотивна нота и нежност. Посилната половина во врската е лавот, кој претставува олицетворение на величественост и висок статус. Двајцата партнери се смели, силни и решителни, но мораат секогаш да бидат внимателни еден кон друг и меѓусебно да си ги прифатат и разберат карактерните разлики.

Со ракот управува Месечината, која во него внесува емотивност, длабочина и страст, додека со лавот управува Сонцето, кое во него внесува живост, енергичност и самобендисаност. Лавот поради ваквото влијание од Сонцето, е „топла“, ведра, енергична и ентузијастички настроена личност. Ракот пак, под влијание на Месечината, е нежна личност, која се грижи за другите луѓе и создава и одржува длабоки емоционални врски со нив. Ова е комбинација од мажествена и женствена енергија. Сонцето го симболизира животот, а Месечината негата и напредокот. Сè додека овие двајца партнери се обѕирни во поглед на нивните различни потреби, нивната врска ќе биде одлична.

Двајцата партнери сакаат да бидат победници во секоја игра, но имаат многу различна улога како лидери. Поради оваа разлика, помеѓу ракот и лавот можат да настанат расправии. Доколку тие никогаш не ја земаат нивната врска здраво за готово и ја зацврстуваат со практични и романтични постапки, таа ќе биде значајна за секој од нив и ќе успеат да го пронајдат нивниот заеднички „медиум за комуникација“.

Кога се под стрес, лавот станува тврдоглав, а ракот може да почне да се служи со манипулација на емоционална база. Ракот е секогаш во улога на упорен иницијатор за заеднички планови, а лавот ја канализира нивната заедничка енергија, борбено работејќи за нивна реализација. Ако му е даден избор, ракот ќе одбере стабилност и домашен мир, притоа не очекувајќи некаков гламурозен живот или признанија за успех. Од друга страна, лавот сака да ги „растресува“ работите во неговиот живот, трагајќи по необичното и неочекуваното.

И покрај тоа што овие двајца партнери можат емотивно да се посветат на нивната врска, сепак паралелно секој може успешно да си ги следи своите цели, водејќи се според сопствениот инстинкт. Доколку пак, ракот и лавот не се доволно искрени во поглед на нивните намери во врската, тие може да отидат на едно емоционално возење со ролеркостер, кое ќе нема крај. Ракот со неговото криење зад „невината обвивка“, може да биде тивкиот контролор на оваа врска, а во одреден степен може да почне и да манипулира со неговиот љубен лав, секогаш кога тој чекор ќе му изгледа доволно практичен.

Најдобриот аспект од љубовната врска помеѓу рак и лав е нивната обострана посветеност и искреност во врската. Заеднички, овој пар може да внесе поддржувачка, позитивна и здрава вибрација во нивниот однос. Луѓето ги доживуваат како совршен пар, а нивната заедничка потреба за стабилна врска полна со љубов, ги тера да се борат за хармонија и среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Tatjana Reply

    mnogu tocno

Остави коментар