Рак и девица – љубовна комбинација

Рак и девица – љубовна комбинација

Љубовната врска составена од рак и девица е цврста, приземна, моќна и најчесто завршува со среќен крај. Таа има потенцијал да станува сè подобра и подобра со текот на годините. Двајцата партнери се ориентирани кон остварување на нивните животни цели и се многу дисциплинирани личности. Ракот и девицата се искрени и посветени партнери и ниту еден од нив не сака да прави работи кои немаат никаква цел и иднина.Рак и девица – љубовна комбинацијаВо нивниот речник не постои терминот површна љубов. Секогаш би избрале стабилна и цврста љубовна врска, наспроти некоја авантура. Помеѓу овие два знака постои голема обострана почит. Девицата ја цени прикриената моќ која ја има ракот и неговата способност за посветување на работите, а тој пак, ја почитува големата адаптибилност и интелигентниот начин на размислување на девицата.

Овие љубовници може да имаат бавен старт на врската, но со тек на време тие ќе стануваат се поблиски и ќе имаат поцврста конекција. Нивната врска е базирана на силна принципиелност. Овие два знака уживаат во материјалните работи во животот, но не се алчни луѓе. Тие би биле задоволни и исполнети, само доколку стекнатото богатство е резултат на чесна и напорна работа.

Помеѓу нив може да настанат караници доколку девицата стане премногу критична и ги повреди кревките чувства на ракот. Ракот мора да сфати дека на девицата таква ù е природата – таа мора секогаш да го потенцира она што го гледа и не го напаѓа него на лична основа. Девицата може понекогаш да се вознемирува како резултат на тврдоглавоста на ракот, но сепак тоа е особина со која може да се справи трпеливиот и полн со разбирање партнер, каков што е таа. Потребата на девицата да им помага на другите луѓе, е исто така компатибилна особина со нежноста и сочувственоста на ракот.

Со ракот управува Месечината (емотивност), а со девицата Меркур (комуникативност). И покрај тоа што се многу различни планети, двете се блиску до Сонцето и поради тоа се секогаш соседи. Ракот под влијание на Месечината поседува силен мајчински инстинкт и има потреба за континуиран развој во животот. Меркур пак, ги симболизира вештите комуникациски способности на девицата и нејзината способност за адаптација на секоја ситуација. Таа ја „носи“ онаа маска, која најдобро ù прилега во дадениот момент.

Девицата има интелектуален поглед кон животот (особено кога ќе се спореди со емотивната природа на ракот), но сепак е доволно чувствителна и интуитивна за да ги разбере другите луѓе, кога е желна тоа да го направи. Добра особина на девицата (што се однесува до оваа љубовна комбинација) е нејзината способност да се посвети на партнерот и да ги исполни очекувањата на ракот за стабилен и спокоен домашен живот – домот и семејството за ракот се најбитните нешта во животот. Овие партнери нема да се расправаат за тоа дека другиот не му ги исполнил очекувањата и потребите. Тие секогаш ќе работат на тоа поле и ќе уживаат во придобивките од нивната свесност за чувствата на другиот.

Ракот е воден знак, а девицата земјен. Земјените знаци се совесни, приземни, но се и големи материјалисти, преокупирани со идејата да стекнат богатство. Љубовното партнерство сочинето од рак и девица, сака да биде опкружено со убави, скапи работи и да живее удобен живот. Водните знаци се потпираат на нивните чувства и интуиција, па поради тоа ракот е суптилниот носител на емоционалната нота во оваа врска. Нивната желба да живеат во „фенси“ дом, е гаранција дека овој пар напорно ќе работи да ја овозможи оваа цел. Исто така, ракот и девицата се многу практични луѓе, поради што нема да имаат проблеми со излегување на работите од контрола.

Додека ракот сака да си ја тера започната работа и да се труди да напредува во неа, девицата има променлива рутина кон одговорностите и предизвиците кои ù се испречуваат на патот. Бидејќи девицата е толку сеприсутна, таа ќе успее да го пронајде нејзиното место во плановите на ракот, доколку сака да го направи тоа. Девицата ќе ги има на ум плановите на ракот и евентуално ќе ги реализира, откако ракот веќе се откажал од нив и решил да продолжи понатаму.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација рак-девица, е нивната заедничка посветеност и работење кон остварување на нивните цели. Двајцата партнери во ова љубовно дуо уживаат во стабилен семеен живот и луксузни работи. Девицата пак, обожава да му помага на ракот да си ги реализира неговите соништа. Нивните слични желби и амбиции, ги прават овие партнери високо компатибилни.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Bryan Reply

    fala vi

  2. Andjela Reply

    fala i od mene….:D pozz

  3. Cool_lady Reply

    Mnogu ubavo 🙂

  4. Josif Reply

    fala mnogu

Остави коментар