Пронајдете ја соодветната улична модна комбинација во согласност со вашиот хороскопски знак - Part 3

Пронајдете ја соодветната улична модна комбинација во согласност со вашиот хороскопски знак

Стрелците се спонтани, природни и забавни и сакаат комбинации кои се удобни и лежерни, но кои сепак зрачат со женственост. Изберете едноставно бело здолниште и бела кошула која ќе ја надополните со ситни, интересни детали и нема да погрешите.

9-pronajdete-ja-soodvetnata-ulichna-kombinacija-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk

На Јарците најдобро ќе им прилегаат отмените, дамски комбинации и тоа фустаните со интересен крој. За целосен ефект никако немојте да го заборавите впечатливиот накит како што се масивните ѓердани.

10pronajdete-ja-soodvetnata-ulichna-kombinacija-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk

Водолиите својата креативна страна најнапред ќе ја истакнат со комбинациите кои се едноставни, но кои сепак на некој начин се истакнуваат. Дали тоа ќе биде впечатлива боја или необичен дезен, на вас е да одлучите. Освен тоа, за вас воопшто не е страшно да ги комбинирате работите кои на прв поглед и не одат едни со други, како што се чорапи и сандали.

11-pronajdete-ja-soodvetnata-ulichna-kombinacija-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk

Рибите ќе заблескаат во разлетани, женствени фустани кои ќе ја истакнат нивната нежна страна. Не плашете се да внесете малку боја во својот стил и изберете впечатливи, топли нијанси.

12-pronajdete-ja-soodvetnata-ulichna-kombinacija-vo-sklad-so-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар