Пронајдете ја соодветната улична модна комбинација во согласност со вашиот хороскопски знак
Лавовите сакаат да се истакнуваат и сите очи да бидат вперени во нив. Затоа, задолжително ќе изберат таква ефективна комбинација која сите присутни ќе ги остави без текст, со отворени вилици. Сепак, без оглед на ваквата слобода, кога е модата во прашање, Лавовите секогаш ќе бидат облечени со вкус.
Ако некој знак во хороскопот е елегантен, отмен и одмерен, тогаш тоа е Девицата. Тие ја обожаваат класиката и едноставноста и сакаат да оставаат впечаток на дама со стил. Никогаш не се облекуваат нападно и впечатливо, туку напротив, едноставно и во црно-бели нијанси. Црвениот кармин за нив е задолжителен!
Вагите се малку „откачени“ и секако креативни што се огледува и во нивниот стил на облекување. Тие секогаш ќе избираат лежерни, но модерни комбинации кои ќе ги надополнат со ефективна кожна јакна.
Скорпиите и тоа како имаат стил, но иако се огнени, тие избираат елегантни комбинации кои со својата едноставност ќе ја истакнат нивната убавина и привлечност. За мистичните Скорпии омилен моден додаток се очилата за сонце.