Пронајдете го вашиот внатрешен мир според хороскопскиот знак

Пронајдете го вашиот внатрешен мир според хороскопскиот знак

Веќе илјадници години човекот гледа кон ѕвездите барајќи насоки и знаење. Астрологијата датира од 2000 година п.н.е. и внимателно била изучувана од страна на древните Индијанци, Маи, Грци, Кинези и Арапи, независно едни од други. Но не само тоа, астрологијата е користена за да се проучи и човековото однесување и мотивација, па дури и од психијатарот Карл Јунг.

pronajdete-go-vashiot-mir-spored-hosroskopskiot-znak-kafepauza.mk

Преку набљудување и анализа откриено е дека има поврзаност помеѓу движењето на масивните небесни тела и животот на Земјата. Со текот на времето се создале 12 астролошки карактери. Според астрологијата, задоволството и мирот можат да бидат пронајдени според карактеристиките на вашата личност. Во продолжение ќе ги прочитате 12-те различни лични карактеристики на секој хороскопски знак, краток опис за нив и топ 5 препораки кои ќе ви помогнат да ја најдете хармонијата во вашиот живот.

Овен

Вие по природа сте страсна, динамична и самоуверена личност, но знаете да бидете избувливи и импулсивни.

За да создадете рамнотежа:
  • Одржувајте рамнотежа помеѓу животот и работата – осигурете се дека ќе додадете и време за релаксирање во вашиот распоред.
  • Создајте поголема ефикасност во работата и изоставете ги непотребните работи.
  • Зголемете ја вашата енергија со вежби како што се трчањето или кик-бокс.
  • Урамонтежете ги вашите физички активности со активности кои смируваат, како готвење, читање или градинарство.
  • Пробајте да комуницирате посмирено ако имате проблеми со нервозата.

Бик

Вие сте доверлива, добра и посветена личност, но понекогаш можете да бидете нефлексибилни, огорчени и посесивни.

За да создадете рамнотежа:
  • Научете да ја гледате ситуацијата и од гледна точка на другите луѓе за да ја избегнете тврдоглавоста.
  • Приземјете се во природа кога се чувствувате заглавено.
  • Бидете свесни за последиците кои ги носи вашето однесување кон другите луѓе.
  • Пробајте медитација за да се ослободите од некои мисли.
  • Истражете го светот на мирисите и на лекувањето со ароматерапија.

Близнаци

Вие сте интелигентна, разновидна и жива личност, но од друга страна можете да бидете и напнати, зајадливи и несигурни.

За да создадете рамнотежа:
  • Бидете свесни за тоа колку работите: Дали претерувате со работните часови?
  • Применете урамнотежена исхрана и не ги прескокнувајте оброците.
  • Научете да се смирите, можеби со топла купка.
  • За да го одморите умот, истражете ги различните техники за визуализација.
  • Научете да дишете бавно и применувајте го тоа секој ден.

Рак

Вие сте грижлива, интуитивна и заштитничка душа, но понекогаш имате проблеми со лошо расположение, преголема чувствителност и неспособност да простите.

За да создадете рамнотежа:
  • Не заборавајте да се грижите за себе – тоа не е себично туку е витално за вашето добро.
  • Пробајте вежби за заземјување како што се јогата, таи-чи, или ки-конг.
  • Научете да забавите и да работите со ваше темпо.
  • Истражете ги техниките за поставување на граници и за зголемување на самодовербата.
  • Научете свесно да ги тргате работите кои не ви се од помош.

Лав

Вие сте храбра, креативна и верна личност, но сакате да бидете главни, да мислите дека секогаш сте во право и понекогаш сте нетолерантни.

За да создадете рамнотежа:
  • Развијте ги вашите способности за слушање за да им дозволите и на другите да заблескаат.
  • Користете афирмации за да дозволите вашата вредност да доаѓа од внатре.
  • Посветете време за нешто што го сакате.
  • Избегнувајте зачинета и мрсна храна што ви ја нарушува рамнотежата на енергијата.
  • Пијте многу вода.

Девица

Вие сте аналитичар, практична и вредна личност, но знаете да бидете и перфекционисти, премногу критични и избувливи.

За да создадете рамнотежа:
  • Понекогаш оставете ја рутината и дозволете си да бидете спонтани.
  • Простувајте си себеси и на другите.
  • Излезете од вашата глава и влезете во вашето тело – пробајте планинарење, танцување или пак, скокање на трамбулина.
  • Станете свесни за тоа што го зборувате – дали премногу критикувате? Научете да ја замените негативноста со прифаќање.
  • Спиењето нека ви биде приоритет, одморете го вашиот ум.

Вага

Вие сте безгрижна, романтична и идеалистична личност. Но понекогаш сте и лековерни, претерувате со задоволствата и знаете да бидете многу неодлучни.

За да создадете рамнотежа:
  • Правете листа со работи кои треба да ги сработите денес за да останете организирани и да избегнете непотребен стрес.
  • Пред да донесете важни одлуки секогаш запишувајте ги нивните добри и лоши страни.
  • Искажете ги вашите емоции преку музика, цртање, јога…
  • Научете да се повлечете кога ситуацијата ќе излезе надвор од ваша контрола.
  • Дозволете си задоволства, но не заборавајте да бидете умерени.

Скорпија

Вие сте страсна, интуитивна и привлечна личност, но знаете да бидете и љубоморни, огорчени и опсесивни.

За да создадете рамнотежа:
  • Практикувајте техники за смирување секогаш кога сте под стрес, како длабоко дишење или визуализација.
  • Направете пауза кога некоја ситуација ве преморува.
  • Пробајте хидротерапија (спа-центар или купка) како начин да ги релаксирате вашите тело и ум.
  • Простете им на другите.
  • Секогаш гледајте ја големата слика за да не се изгубите во непотребни детали.

Стрелец

Вие сте искрена и добра личност и сакате да филозофирате. Но знаете да бидете премногу оптимистички настроени, неодговорни и немирни.

За да создадете рамнотежа:
  • Спортувајте за да го искористите вишокот енергија.
  • Научете ја разликата помеѓу оптимизам и реализам.
  • Проучете го вашиот живот: Во кои области се чувствувате заробени?
  • Потрудете се свесно да ги почувствувате емоциите, и лошите и добрите, за да не ве преоптоваруваат.
  • Научете дека има задоволство и во малите нешта.

Јарец

Вие сте забавна, практична и дисциплинирана личност, но многу често сте на работ да бидете мизерни и песимистички настроени.

За да создадете рамнотежа:
  • Тргнете ги отровните конекции од вашиот живот и опкружете се со добри луѓе.
  • Сетете се на вашите вредности и соништа пред да донесете некоја одлука.
  • Какво влијание има на вас разговорот со самите себе? Ако е негативно, работете на вашата самодоверба.
  • Дозволете си да се ослободите преку вежби за тело и ум како што се јогата или таи-чи.
  • Запомнете дека среќата е избор, никој не ви ја дава.

Водолија

Вие сте инвентивни, со слободен дух и пријателски настроени. Од друга страна пак, можете да бидете и непредвидливи и емоционално недостапни.

За да создадете рамнотежа:
  • Дозволете си да бидете вистинските вие.
  • Додајте активности кои ќе ви дозволат да го почитувате вашиот слободен дух.
  • Научете да ја вреднувате ранливоста и фактот дека таа всушност ве прави посилни.
  • Уживајте да бидете самостојни, но немојте целосно да се изолирате.
  • Практикувајте свесност во сегашниот момент.

Риби

Вие сте чувствителна, грижлива личност со бујна имагинација, но знаете да бидете и таинствени, безволни и нејасни.

За да создадете рамнотежа:
  • Научете да согледувате што ви создава стрес.
  • Избегнувајте самосожалување и избегнувајте ја улогата на жртва.
  • Дозволете ѝ на вашата романтична страна да биде слободна, но не заборавајте да се вратите на Земјата.
  • Научете да ги балансирате левата и десната страна од мозокот за да ја зголемете внатрешната стабилност.
  • Развијте здраво ниво на скептицизам кое ќе ве заштити од манипулација.

Откриете и кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар