Промени и предизвици на љубовен план за овие 3 хороскопски знаци во следните 3 месеци!

Промени и предизвици на љубовен план за овие 3 хороскопски знаци во следните 3 месеци!

Според астролозите, кон крајот на пролетта и во текот на летото нè очекуваат планетарни аспекти кои можат силно да влијаат врз нашите односи со другите. Меркур е моментално во ретроградна положба, а од 15 мај кога ќе заврши неговата ретроградна фаза, може да се соочиме со разни промени и да научиме одредени лекции. Бидејќи Меркур значително влијае врз комуникацијата, ќе можеме појасно и попрецизно да ги искажеме нашите потреби, како и начинот на кој се чувствуваме.

Промени и предизвици на љубовен план за овие 3 хороскопски знаци во следните 3 месеци!

Марс ќе помине низ знакот Лав помеѓу 20 мај и 10 јули 2023 година. Тоа ќе им влијае на многумина при што ќе посакаат да бидат во центарот на вниманието, а ова исто така може да значи и дека ќе го бараат вниманието на потенцијалниот партнер.

Месецот јуни, пак, е посветен на Близнаците и додека Сонцето е во нивниот знак, многумина ќе бидат неодлучни или дури и ќе се соочат со категорични одлуки во однос на нивната љубовна врска.

Најмногу промени, па дури и предизвици во љубовниот живот во следните 3 месеци (мај, јуни и јули) ќе почувствуваат следниве хороскопски знаци:

Близнаци

Ве очекуваат три напорни месеци. Сакате да направите многу, но чувствувате дека не сте во можност да се активирате. Можно е овие внатрешни превирања да придонесат за појава на проблеми во вашата врска, особено ако немате време да поминете со партнерот. Ќе мора повеќе да комуницирате и да го вклучите во вашите планови. Можеби имате склоност да правите сè сами и не сте свесни дека можеби на тој начин го повредувате партнерот. Покрај тоа, може да се соочите со прилично важна одлука за иднината на вашата врска. Очекувајте предлози за преселба во друг град или земја.

Лав

Месецот мај ќе ви биде исполнет со тешкотии, особено во љубовниот сектор. Ќе ви биде тешко да се договорите со партнерот и нема да можете да го изразите точно она што го сакате. Промените во вашиот личен живот ќе бидат поврзани со одредени можности што ќе ги добиете на професионален план. Време е да блеснете на работа, а тоа значително ќе ве исцрпи. Затоа, ако сакате да продолжи вашата љубовна врска ќе мора да бидете поорганизирани. Добро би било доколку одвреме-навреме вклучите романтична вечера во вашиот распоред.

Стрелец

Следните неколку месеци ќе ви бидат тешки, особено ако вашата врска е на далечина или ако не успевате да поминете многу време заедно. Можни се проблеми и конфликти особено доколку вие и вашиот партнер сте далеку еден од друг. Многу припадници на овој знак ќе се соочат со прашањето дали да стават крај на врската или да останат заедно. Важно е да запаметите дека нема враќање назад за ниту една одлука ова лето. Во вашата врска ќе има радикални промени, а дури наесен ќе можете појасно да ги увидите промените.

Откако прочитавте кои 3 хороскопски знаци ги очекуваат предизвици на љубовен план во следните месеци, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа во мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар