Причини поради кои раскинуваат хороскопските знаци
Секое прекинување на врска е поинакво и непредвидливо. Дознајте што не треба да правите во врската со секој од знаците во хороскопот, доколку сакате да ја сочувате, но и што може моментно да ги изнервира и да ги оддалечи од вас, ако повеќе ви одговара да бидете сами.
Овен
Причина за прекинување на врската кај овенот се несогласувањата, па дури и оние ситните и безопасни, или досадата. Тие се немирни и љубопитни и имаат постојана потреба да освојуваат. Овенот бргу губи интерес за оние кои целосно се отвораат, па поради тоа, своето внимание честопати го поклонуваат на таинствени, а понекогаш и на неискрени личности. Повеќе ја почитуваат слободата отколку компромисот, особено кога се млади.
Тие не се флексибилни и за прекинување на врската се решаваат одеднаш, честопати и без зборови. Ограничувањата, надмудрувањето, недовербата и контролирањето на нивните постапки се причина за да стават крај на врската.
Бик
Биковите најчесто раскинуваат ако чувствуваат несигурност во врската или поради страв дека ќе бидат оставени. Тие имаат голема вродена издржливост, но кога некој ќе ја премине границата во нешто, се случува експлозија која дури ни самите бикови не ја очекувале. Љубомората им е одбивна и покрај тоа што и самите се љубоморни. Исто така, тие не сакаат да бидат ставени пред свршен чин.
Врската ја прекинуваат после долго размислување, полека и со жалење, но кога еднаш ќе одлучат никој не може да ги натера да се премислат. Причини за прекинување на врската кај бикот се недовербата, гаснење на емоциите, недостаток на разговор и чувството дека блискоста е изгубена.
Близнаци
Причините поради кои раскинуваат близнаците можат да бидат нереални за другата страна, но ќе се зачудите колку добро тие умеат да ги образложат. Врската ја прекинуваат бидејќи им е досадно, од љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потреба од слобода или ако се намериле на некој друг.
Шармот ги спасува близнаците од бесот на оставениот партнер и тој најчесто ги памети со одредени симпатии. Но, ако добро се чувствуваат во врската и немаат намера да ја прекинат, партнерот може да прави што му е волја.
Рак
За да ја задржи љубовната врска, ракот е спремен да жртвува сè, па дури и тогаш кога врската е лоша и исцрпувачка. Раскинувањето е проследено со потоци од солзи и со спремност за компромис. Единствено што може да ги натера да заминат засекогаш, е лошиот однос на партнерот со семејството или одбивањето заеднички живот.
Кога врската ќе се прекине, без разлика на лутината и болката што ја чувствуваат, во сеќавање им остануваат само убавите спомени. Ретко се случува за својата врска да зборуваат многу, но ако нешто кажат, тоа ќе биде само она најдоброто.
Лав
Врската ја прекинуваат кога им е повредена гордоста и егото и честопати не дозволуваат да бидат оставени, бидејќи за нив тоа значи понижување. Кога врската е климава, за нив е важно први да го повлечат конечниот потег и во никој случај да не покажат чувства. Навикнати се да бидат во центарот на вниманието и нема да дозволат конечното „збогум“ да помине незабележано, па ако е потребно ќе направат цела претстава за да остават длабок и драматичен впечаток.
Врската ја прекинуваат поради непочитување на нивните правила, неодобрување на постапките и неспособноста за секојдневно ласкање.
Девица
Најчесто девиците се оние кои се всушност оставени, но кога ќе се решат тие да ја прекинат врската, тоа е поради чувството на инфериорност. Не сакаат сцени пред други луѓе и ако е возможно претпочитаат мирно и разумно раскинување. Кога мораат да изберат помеѓу љубов и обврски, секогаш ќе се определат за обврски, бидејќи материјалната сигурност им е на прво место.
Врската ја прекинуваат студено и конечно со задолжителна маска на рамнодушност на лицето како самоодбрана. Во љубовта се искрени, па се обидуваат да бидат такви и кога раскинуваат. Се повлекуваат без премногу зборови и дискусии.
Причини за прекинување на врската се неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијалните проблеми.
Вага
Вообичаени причини за завршување на врската се отсуство на привлечност, неусогласен животен ритам или некоја нова личност. Сепак, пред дефинитивниот крај, вагите често знаат да дадат уште една шанса и да се обидат да ги разрешат недоразбирањата. Најчесто тоа го прават за партнерот сам да сфати дека врската нема перспектива, па вагата да може да се ослободи од непријатната одговорност и објаснување.
Врската ја прекинуваат тактично и фино, како што всушност и му доликува на овој знак, но со ризик тоа партнерот да не го доживее како искреност туку како извлекување.
Вагите раскинуваат поради лоша комуникација, непочитување на договор, форсирање и претерување во изразувањето на чувствата.
Скорпија
Кога ја прекинуваат врската, скорпиите уништуваат сè зад себе. Причина за тоа е нивниот деструктивен дух, кој е пресуден во проблематични ситуации, па успеваат да ја разорат врската дури и тогаш кога не е потребно. Стравовите и траумите од детството, чувството на вина и неверојатната способност да ги повредат другите и себеси во секоја, па дури и безначајна прилика, неизбежно ги доведува до точка кога „љубовта пука“.
Тие тогаш имаат обичај едноставно да побегнат, бидејќи не умеат пристојно и трезвено да ја разјаснат целата ситуација и мирно да се разделат. Раскинуваат поради неверство или кога ситуацијата ќе им излезе од контрола.
Стрелец
Стрелците ја прекинуваат врската поради потребата постојано да истражуваат и освојуваат нови територии, а и бидејќи им е тешко да се врзат само за една личност на подолго време, особено во младоста. Тие себеси се сметаат за космополити и прават сè како би биле над сето тоа што е обично и секојдневно. Кога партнерот веќе не им е доволен предизвик, тие многу лесно одлучуваат да одат понатаму.
Честопати реагираат импулсивно и ја прекинуваат врската без многу објаснување, но кога малку ќе се средат работите, нивната коректност, сепак, доаѓа до израз. Тогаш тие се спремни мирно и разумно да разговараат, при што се многу шармантни и настојуваат да го задржат контактот, оставајќи ги сите врати отворени, понекогаш со телефонски повик или разгледница од кој било дел на светот.
Врската ја прекинуваат поради ситничавост, компликување на односите, форсирање на врската или недостаток на предизвик.
Јарец
За прекинување на врската се решаваат исто толку тешко колку што им е тешко да одлучат да влезат во неа. Но, кога еднаш ќе се најдат во сериозна љубовна врска, сета своја енергија, трпение и чувства ги вложуваат во неа. И покрај тоа, тие се спремни да се откажат од неа, доколку им е неопходно да бидат сами, или кога мораат да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која сепак им е најважна.
Бидејќи не се наклонети да ги признаваат најдлабоките чувства, тие заминуваат тивко и без многу објаснување, но тоа не значи дека ќе исчезнат одеднаш. Своите намери, за кои понекогаш ни самите не се свесни, ќе ги покажуваат индиректно преку отсутност и нервоза. За тоа време ќе им стане јасно каква одлука треба да донесат, која и не мора секогаш да биде фатална по врската.
Најчувствителни се кога е нивната работа во прашање, па затоа не толерираат мешање на приватниот и професионалниот живот. Одбивно им е озборувањето и изнесувањето на „валканата облека“ во јавност.
Водолија
За водолиите не мора да постои некоја посебна причина за да ја прекинат врската. Тие едноставно можат едно утро да се разбудат и да дојдат до сознание дека врската во која се наоѓаат веќе не им одговара. На тоа тие се решаваат тогаш, кога ќе почувствуваат притисок и тежина од обврските за кои не се спремни.
Вообичаено раскинуваат директно и без заобиколување, но се трудат разумно да ги објаснат своите намери, дури и тогаш кога ќе паднат тешки зборови од страна на партнерот, со цел да одржат пријателски контакт.
За да ја прекинат врската може да ги наведе форсирањето за брак и обврски, критикувањето на нивните пријатели и роднини и непочитување на нивните соништа и идеи. Идеално завршување на врската за нив, е разговор после кој ништо нема да остане неразјаснето.
Риби
Нивната вродена склоност кон мазохизам ги наведува целата ситуација да ја доживеат трагично и да патат дури и тогаш кога не би требало. Не знаат разумно да го прекинат незадоволството во врската, па подобро им е да патат сè додека партнерот не ги остави. Секое раскинување, тие го доживуваат како личен пораз. На почетокот на врската го идеализираат својот партнер, а потоа кога ќе се разочараат, тие остануваат без своите принципи и долго создаваната сигурност.
Без разлика кои се причините и каква е ситуација, солзите се неизоставни, но колку и да патат, рибите бргу закрепнуваат и спремни се за нови трауми со некоја друга личност.
Раскинуваат поради нетолерантност на нивната склоност за фантазирање, кога од нив се бара да се спуштат на земја и кога се потиснати во втор план, бидејќи за нив тоа се чувства кои се најважни на светот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Точно за Бик 🙂
Хороскоп – нешто што никогаш не ми е точно хД
Komparirajki so lugjeto sto gi poznavam – 99% Tocno 🙂
Pozdrav Kafe Pauza, vo iscekuvanje sum na nova dobra statija povrzana so astrologija 😉
Точно за близнак и рак – ДО ЗБОР!
kako mozete da se potpirate na bilo kakvi zivotni odluki na horoskop?? gluposti ama cisti, ako poznavate 2-3 primeri sto se visitini, togas posotjat minimum 20 sto se totalno sprotivnost!
http://www.facebook.com/events/308383609219188