Предупредување за сите хороскопски знаци: Ова се 4-те најопасни датуми во август!

Предупредување за сите хороскопски знаци: Ова се 4-те најопасни датуми во август!

Астролозите велат дека во текот на август нè очекуваат 4 денови полни со предизвици. Подгответе се за период во кој ќе има многу промени! Еве за кои датуми станува збор.

Предупредување за сите хороскопски знаци: Ова се 4-те најопасни датуми во август!

1 август – Супермесечина

На првиот ден од август нè очекува втората супермесечина во 2023 година, а таа ќе биде под влијание на знакот Водолија. Во тоа време, ќе биде многу потешко да се носат одлуки, а вниманието и меморијата исто така ќе се влошат. Луѓето кои се занимаваат со интелектуална работа би можеле да имаат големи проблеми. Можни се и тешкотии со креативните активности затоа што ќе преовладува меланхолично расположение.

13 август – спој на Сонцето и Венера

Спојот на Сонцето и Венера претставува опасен период бидејќи под негово влијание луѓето ќе почувствуваат голем одлив на сила. Со оглед на тоа дека Венера во тој момент ќе се движи ретроградно, можеме да кажеме дека денот ќе биде исклучително предизвикувачки и непредвидлив. Можни се многу силни промени во расположението, малаксаност, желба за лоши навики.

23 август – ретрограден Меркур

Меркур ќе го започне своето ретроградно движење на 23 август. Неговата ретроградна фаза ќе влијае негативно врз нашите долгорочни планови. Денот на самата транзиција, 23 август, ќе биде особено предизвикувачки. Може да очекуваме големи тешкотии во комуникацијата, на работа и во активностите поврзани со пари.

29 август – ретрограден Уран

Ретроградниот Уран може да ни влијае доста неповолно. На овој ден може да се случат непредвидени работи, несреќи, а многу од нив ќе имаат силно влијание врз нас.

Откако прочитавте кои ќе бидат најопасните датуми во август, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни пресврти во 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар