Предизвици кои ве очекуваат кога ќе се заљубите во Вага
Вагите се единствениот знак во хороскопот за кој се вели дека нема сопствени чувства, туку дека најчесто ги рефлектира туѓите. Поточно, станува збор за емпатија. Вагите, иако знаат да делуваат доста површно, се многу емпатични што ќе ви изгледа дека ви ги возвраќаат чувствата, додека тие всушност само сочувствуваат со вас. Тоа може да биде извор на болни недоразбирање, особено ако сте заљубени во Вага.
1. Вагите знаат да слушаат
Колку сакаат и умеат да зборуваат, толку сакаат и умеат да слушаат. Во состојба се целосно да се внесат во вашата приказна, а огромен дел од нивната емпатија се состои од нивната способност за имагинација и желбата сѐ околу себе да доведат во баланс, да му посветат внимание на секого и да му помогнат, да бидат фер и да не донесуваат заклучок и пресуда додека темелно не ги разгледаат сите факти, заедно со сето она што го чувствуваат и со помош на нивната чувствителност.
Ако ја лажете Вагата, таа пристојно и љубезно ќе учествува во тоа и воопшто нема ни да се посомневате дека ве разоткрила – таа ќе остане смирена доколку реши дека не сака да се расправа, а најчесто тоа и се случува.
2. Вагите мразат расправии
Можеби не се толку добри дипломати, колку што навистина даваат сѐ од себе за да се издигнат над примитивните страсти и да согледаат сечии мотиви, да разберат како функционира светот од некоја туѓа перспектива и да увидат што е она што раскараните страни не успеваат да го согледаат. Вагите страсно сакаат мир и хармонија и ќе ги искористат сите свои способности за да ги постигнат. Тие, во ситуацијата во која сите се расправаат, ќе останат гласот на разумот, кој можеби и нема да се огласи туку со самото свое присуство ќе ја канализираат енергијата, додека сите не се смират и уморат од глупости.
Но, доколку се обидувате да се расправате со Вага и упорно сте слепи, тврдоглави, несвесни и дрски, ќе слушнете за себе некои доста непријатни вистини, кои Вагата ќе ви ги соопшти доста мирно и љубезно, бидејќи тоа едноставно е вистина. А, вистината е најдобрата шок терапија. Непријатно е кога некој знае нешто за вас кое вие дури сега треба да го дознаете, а Вагата нема да ви го каже тоа, освен ако навистина не сте ја повредиле. Што е доста тешко, бидејќи таа ви ја дава секоја можна шанса да се вразумите, да се смирите и да ги отворите очите, срцето, умот и душата. Ако сте успеале да ја повредите, заслужувате некој облик на понижување за вашата постапка.
3. Многу им е тешко да кажат „не“
Љубезната Вага не сака никого да навреди и секогаш ќе се обиде да пронајде начин за одбивањето да го компензира со нешто друго. Вагите се мајстори за компензација, токму затоа што им е многу тешко да кажат „не“. Дури и кога ќе научат да одбијат по кратка постапка, тие се чувствуваат лошо, бидејќи морале да го совладаат тој облик на комуникација кој е толку груб и спротивен од нивната природа.
Неодлучната Вага која трепери обидувајќи се да постигне баланс фаќа искри инспирација кои ја разгоруваат нејзината страст за вистина, убавина, љубов. Во согласност со тоа, Вагата прифаќа сѐ, бидејќи во сѐ пронаоѓа искра. Законот за креативност е закон за прифаќање – ако одбиете нешто, нема да го запознаете, процесирате, разберете и трансформирате, така што Вагата најчесто вели „да“, дури и после долго размислување.
4. Нивна работа е да го спојат неспојливото
Земја и небо, дух и тело, разум и чувствителност – Вагите одржуваат рамнотежа, во целина, како што треба да биде. Спротивностите не се неспојливи, тие создаваат едно цело. Јин и јанг, црно и бело, ден и ноќ. Во тој дух, Вагата може да биде сосема луда и многу разумна, страсно емотивна и ладно практична, а сето тоа зависи од тоа како ја инспирирате.
Понекогаш е одлично да соберете повеќе информации, а еве кои работи треба да ги знаете пред да се заљубите во маж роден во знакот Вага.