Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

Ве обземаат емоции за бившиот партнер и едноставно не можете никако да си помогнете. Седнувате на компјутер и почнувате да го „манијачите“ неговиот профил на социјалните мрежи и го молите Господ никогаш да не дознае за тоа. Сакате да го видите, некаде да го сретнете, да поразговарате, со надеж дека работите можат да се вратат назад какви што биле некогаш. Со многуте можности за поврзување кои денес ги нудат интернетот и социјалните мрежи и ве предизвикуваат да паднете во искушение да му/и пишете, едноставно не знаете кој начин да го одберете за да му/и пристапите.

Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

Кој хороскопски знак е вашиот екс партнер? Астрологијата може да ви помогне со некои предлози и совети за тоа како да стапите во контакт со него/неа од нигде-никаде.

Овен

Бидете директни! Овенот сака да знае што сакате од него и зошто. Ако сте искрени, овенот ќе го почувствува тоа и ќе ви возврати љубезно.

Бик

Покажете му кои сте (и што сте постигнале во животот од минатиот пат кога сте се виделе). Бикот не може, а да не праша за вашите успеси. Ако имате нови достигнувања во животот за кои бикот не знае, тоа ќе ве направи само посексапилни во неговите очи.

Близнаци

Што и да кажете – направете го тоа со стил и бидете интересни. Близнаците сакаат да се присетат на елоквентниот и досетлив другар, со кој некогаш биле во љубовна врска.

Рак

Бидете истовремено слатки и кисели. Ракот е идеален микс од нежност и цврстина и сака да ја запамети неговата некогашна љубов како таква.

Лав

Потрудете се повеќе! Овој знак сака да се прикажува себеси во најдоброто можно светло, па стравувајќи да не му го повредите егото, ќе сака да знае дали доволно ви е грижа за него, и дали вреди да се вознемирува околу вашата неочекувана средба.

Девица

Запомнете некој детаљ! Девиците ќе ги ценат оние мали нешта кои што сè уште ги помните од вашата врска.

Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

Вага

Спомнете некој заеднички пријател. Вагите ги ценат заедничките работи што сте ги имале, совпаѓањето на вашите интереси и нештата од кои имате обострана корист.

Скорпија

Бидете искрени! Скорпијата ќе ја почитува вашата самокритичност, хуморот на ваша сметка и храброста да ги прикажете нештата токму онакви какви што се.

Стрелец

Измамете го! Овој знак сака да слушне дека „тревата е позелена кај комшијата“, па играјте ја неговата игра.

Јарец

Предизвикајте го! Јарец – знакот кој ја обожава потрагата, ќе сака да дознае која е вашата цел. Изнесете му ја на виделина, јасно и гласно.

Водолија

Речете и „Еј, се сеќаваш на мене?“ Тоа е сè што е потребно да направите. Вашиот бивш партнер има магловито сеќавање за вашата добрина, љубезност и дарежливост. Потсетете го! Бидете најдарежливата личност во универзумот.

Риби

Станете дел од нивниот имагинарен свет. Овој духовен знак сака да патува во мислите на некое подобро место, како на пример во рајот, а вие треба да направите да се чувствува како да ги разбирате неговите илузии. Едноставно кажано замислете си дека вие двајца сте најсреќниот пар во светот, пред воопшто да се обидувате да стапите во контакт со рибите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Jack Sparrow Reply

    Onaa koja bara nacin da se povrze so bivsiot, ili nekolku od niv, ako voopsto i rascistila so vrskata, ke si najde nacin sigurno, najmalku horoskopski znaci ke cita. Denes postojat telefoni, i fejsbuk pa otvoreno moze da si ponudi partija pleskanje, vo ime na starite denovi. 😛

Остави коментар