Поради која причина раскинува секој хороскопски знак?
Колку и да толерирате некои работи, одредени карактеристики што ги поседува партнерот може да ве натераат да ставите крај на врската. Откријте кои се причините поради кои не успева врската со секој хороскопски знак.
Овен: Гушење
Не можете да издржите со партнер што е залепен до вас и постојано има некои барања бидејќи вие сте исклучително независни и сакате да имате сопствен живот надвор од вашата врска. Исто така, сакате да имате простор и слобода и нема да толерирате да бидете со некој што ве задушува, дури и ако ве задушува со љубов.
Бик: Непочитување
Вие сте премногу горди и имате екстремно високи стандарди, така што секој што не ве почитува, ќе биде исфрлен од вашиот живот. Без оглед колку ја сакате личноста, никогаш нема да ја гледате на истиот начин ако некогаш покажала непочитување кон вас, дури и на шега.
Близнаци: Дистанцираност
Вие не можете да бидете со некој што не е дружељубив затоа што постојано напредувате во активниот социјален живот и тоа е вашето секојдневие. Имате многу пријатели и познајници и потребен ви е партнер кој е во состојба да се справи со овој вид социјален притисок. Тивката личност нема да може да се справи со вашата желба за дружење.
Рак: Приватност
Не можете да бидете со некој кој е мистериозен или резервиран и крие нешто од вас. Како емотивен и интуитивен хороскопски знак, вие сакате да разговарате со партнерот, да му помогнете ако минува низ тешки времиња и не сакате тој да крие тајни од вас. Некој што нема да ви се отвори, нема да може да ви ја даде силната емоционална врска што ја посакувате.
Лав: Срамежливост
Вие сте во центарот на вниманието и не можете да бидете со некој што ќе го заземе вашето место, но не можете да бидете ниту со некој што не се ни обидува да ве засени. Тука станува збор за самодоверба и вие сакате партнер кој може да ве предизвикува. Ако сте со некој кој е срамежлив или резервиран, ќе се чувствувате како да нема возбуда во врската.
Девица: Недостаток на амбиции
Сè е поврзано со вашата кариера и со вашиот успех. Сакате партнер кој е на исто ниво и кој ги прифаќа вашите цели и соништа, но има и свои. Ако имате пасивен или неамбициозен партнер ќе се чувствувате како нешто да недостасува во вашата врска и во вашите секојдневни разговори затоа што кариерата и амбициите се главните теми за кои сакате да разговарате.
Вага: Негативност
Вие сте позитивна личност и секогаш мислите дека утре ќе биде подобро. Затоа не можете да бидете со негативен партнер или со некој што прави драми. Сакате да бидете опкружени со добри вибрации и со позитивна енергија, а не со некој што ќе ја црпи вашата енергија.
Скорпија: Лаги
Можете да ги прифатите сите недостатоци на вашиот партнер освен лажењето. Лажењето е главната причина за раскинување и веројатно најбрзиот начин некој да ве изгуби, дури и да станува збор за бела лага. Вие ја цените искреноста и никогаш нема да му простите на партнерот ако ве лаже.
Стрелец: Мрзеливост
Не можете да бидете со мрзлив партнер затоа што вие секогаш сте во движење и постојано барате екстремни авантури или земји што сакате да ги посетите. Ако вашиот партнер не може да биде во чекор со вас, веројатно сите овие работи ќе ги направите без него. Затоа, подобро е да најдете енергична личност која ќе се вклопи во вашиот брз начин на живот.
Јарец: Неодговорност
Не можете да бидете со некој кој не знае да преземе одговорност или со некој кој не знае што сака. Вие знаете што сакате и секогаш го добивате тоа и сакате некој кој може да се грижи за вас затоа што вие секогаш се грижите за сите други. Покрај неодговорниот партнер, секогаш ќе се чувствувате како вие да сте личноста која се грижи за двајцата.
Водолија: Практичност
Како можете да зборувате за вашите ексцентрични идеи и соништа ако имате реалистичен партнер? Вие сте неконвенционални, бунтовни, понекогаш бизарни и не можете да бидете со некој што е прагматичен или што не ја охрабрува вашата креативност. Потребен ви е некој кој може да сонува заедно со вас и да ги поддржува вашите најлуди соништа, дури и ако не може да ги сфати.
Риби: Нечувствителност
Вие сте многу чувствителни и емотивни, дури и ако не го покажувате тоа. Да бидете со некој што не е заинтересиран за вас или не се грижи за вашите чувства е доволно добра причина за да раскинете. Не можете да бидете во врска со себичен партнер, вам ви е потребен некој што има големо срце.
Прочитајте со кои 6 хороскопски знаци е предизвик да бидете во врска.