Понеделничка среќа: 3-те хороскопски знаци што ќе имаат најдобра недела!
Интересни работи ќе им се случат на овие хороскопски знаци во текот на оваа недела (од 17-ти декември). За Раковите, Стрелците и Јарците нема да постои пречка што нема да можат да ја преминат, додека истовремено, ќе сфатат точно што сакаат и како да го постигнат тоа!
Рак: Се чувствувате емоционално и спиритуално балансирано
На 22-ри декември, полната месечина во Рак ќе ви го осветли патот до вашите соништа. Најпрво, со оглед на тоа дека Месечината е вашата владејачка планета, треба да се подготвите за возбудливи нови откритие за патот по којшто се движите и да ги претворите во брилијантни мисли, чувства и идеи. Потоа, со оглед на тоа што полната месечина исто така ви влијае на емоциите, вие ќе имате многу подобро разбирање за себеси и за своите соништа, водејќи ве кон навистина интересни нови случувања.
Стрелец: Ја живеете последната недела од вашата сезона
Стрелците се во полн ек во текот на целиот декември, без разлика на тоа што доаѓа крајот на нивното соларно враќање. Со Меркур и Сонцето во вашата прва куќа на себството, вие ги прифаќате промените со отворено срце и се подобрувате себеси во секој аспект од животот. Толку многу нешта ви се промениле од минатата година. Велат дека соларното враќање е најубавиот период за секој хороскопски знак, па затоа уживајте во последната недела од него.
Јарец: Вие сте официјално крунисани како член на зодијачкото кралско семејство
На 21 декември Сонцето ќе влезе во вашиот знак и со тоа ќе ве лансира кон ѕвездите. Оваа енергија ќе би помогне да постигнете сè што сте замислиле, со неверојатна леснотија. Со оглед на тоа вие сте секогаш ориентирани кон успехот, точно ќе знаете како да ја искористите оваа енергија во своја корист и да го достигнете тоа што го сакате. Само не престанувајте да учите од грешките што сте ги направиле во текот на претходната година и движете се самоуверено кон напред.
Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци кои ќе имаат најдобар почеток на новата 2019 година.