Полна Месечина од 14 јуни: Подгответе се за промени!

Полна Месечина од 14 јуни: Подгответе се за промени!

Полната Месечина во знакот Стрелец на 14 јуни ќе го осветли небото и ќе блесне во својот полн сјај при што многумина ќе ја нарекуваат супер полна Месечина. Таа ќе ни влијае така што ќе ни помогне да ги завршиме проектите, но и да им ставиме крај на сите работи кои нè спречуваа да се фокусираме на нашите цели и замисли.

Полна Месечина од 14 јуни: Подгответе се за промени!

Според астролозите, Месечината ќе ни донесе енергија која ќе бара да се ослободиме од сето она што не ни служи. Со оглед на тоа дека промената не е лесна, овој период ќе се чувствуваме збунети и несигурни. Затоа, најдоброто нешто што можеме да го направиме е да забавиме, да ги расчистиме нашите мисли и да продолжиме да се фокусираме кон целите.

Нептун, планетата која ги симболизира збунетоста и илузијата, ќе биде особено активна во овој период – нејзината активност ќе ни го отежне разбирањето на многу работи во животот. Но, Нептун ќе ни помогне и да се поврземе со нашата интуиција. Тој внатрешен глас може да ни даде важни насоки во кои треба да продолжиме да се движиме.

Понекогаш, може да биде тешко да се направи разлика меѓу интуицијата и чувството на страв, но потребно е само време. Обидете се да се движите полека, а ако треба да донесете одлука, искористете го тоа што го имате на располагање и верувајте во своите способности.

Освен тоа, под влијание на Месечината во Стрелец ќе научиме нови работи за животот. Ќе научиме да не ги сфаќаме работите премногу сериозно, да одвоиме време за уживање и да му се радуваме на животот.

Што е тоа што ве прави среќни? Како можете да го подобрите вашиот живот? Преку овие прашања ќе можете на попродуктивен начин да ја искористите енергијата на Месечината.

Веројатно во последните неколку месеци наидовте на разноразни предизвици и промени. Сега, пак, време е да се одморите, да бидете онакви какви што сте и да му се радувате на животот.

Идеално време е да се ослободите од секаква напнатост, лутина или неодлучност и да најдете време за одмор и релаксација. Запомнете дека ќе имате можности за нови авантури само доколку се фокусирате на она што вистински го посакувате!

Откако прочитавте каква енергија ќе ни донесе полната Месечина од 14 јуни, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува вистинска летна авантура.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар