Полна Месечина на 18 јануари: Каква енергија ќе ни донесе?
Вага
Полната Месечина ќе ве насочи кон тоа да се поврзете повеќе со вашето семејство. Некои од припадниците на овој знак ќе се преселат или ќе почнат да прават планови за селење. Овој период фокусирајте се на домот и најблиските.
Скорпија
Можно е да отпатувате некаде неочекувано или да се вратите од патување. Кратките патувања можат да ве исполнат и да ви пружат дополнителна енергија, особено доколку одите во посета на роднини или пријатели. Во овој период обратете внимание на вашиот однос со другите, особено во поглед на вашата комуникација.
Стрелец
Овој период ве очекува дополнителен прилив на финансиски средства, но и зголемени обврски. Секако, треба разумно да постапувате со финансиите кои ви се на располагање и да не ја вложувате сета своја заштеда во нешто во кое не сте сигурни.
Јарец
Полната Месечина ќе влијае врз вашите односи со партнерот па за тоа искористете ја оваа енергија за да се поставите себеси на прво место и не се откажувајте од вашите соништа. Искористете ги овие денови за самоанализа и верувајте ѝ на сопствената интуиција.
Водолија
Ви требаат планови во поглед на работата, здравјето и одморот. Многу од плановите на кои веќе почнавте да работите ќе се остварат оваа година. Не заборавајте дека е потребен дополнителен труд и напор за да ги остварите.
Риби
Овој период ќе биде активен за вас во поглед на љубовта. Не одбивајте ги поканите за забава бидејќи можеби токму на некоја од нив ќе ја запознаете својата сродна душа, но ќе имате и можност да воспоставите нови деловни партнерства.
Откако прочитавте што ќе ни донесе полната месечина на 18 јануари, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните денови во јануари 2022 година.
Извор: atma.hr