Поларни спротивности: Кои хороскопски знаци не ви одговараат?

Поларни спротивности: Кои хороскопски знаци не ви одговараат?

Додека астрологијата може да ви помогне во избирањето на правилниот партнер или најдобриот пријател и да ви даде совет кои личности треба да ги имате во ваша близина, врз основа на знакот на кој припаѓаат, таа може и да ви каже од кои треба да се држите настрана. Можеби звучи чудно, но и како и сѐ друго, така и хороскопот е еден круг, па знаците кои се едни до други често знаат да не се сложуваат. Во тој контекст, прочитајте кој знак најмалку одговара на вашиот карактер.

Поларни спротивности: Кои хороскопски знаци не ви одговараат?

Припадниците на знакот Овен секогаш имаат некоја своја математика, но Рибите понекогаш знаат да ги направат да се чувствуваат непријатно, да ја вознемират нивната интуиција и нивниот свет кој нема граници. Можат секому да дојдат зад грб, а некој да не ги забележи.

Бикот не одговара со знакот на Овенот поради неговата пробојност и експлозивност. Бикот сѐ уште не ни почнал, а Овенот веќе истрчал напред, бидејќи понекогаш знае да биде брзоплет.

Близнаците не можат да се сложуваат со Биковите, бидејќи додека Биковите се спремни да чекаат цела вечност и да бидат стабилни и смирени, Близнаците ќе ја изгубат целата своја сила поради недостатокот на трпение.

Раковите не се сложуваат толку добро со Близнаците, поради нивното брзо учење, собирање информации и разумно заклучување, додека Раковите сакаат да се водат по своите инстинкти и емоции.

Емоциите на Раковите не се омилени кај Лавовите, бидејќи според нив, тие можат да го загрозат егото на Лавот и да му покажат дека нивниот свет не е центар, туку тоа се чувствата.

Девиците пак, не се сложуваат толку со Лавовите поради нивната дипломатија. Овој знак никогаш нема да разбере како Лавот успева да живее во раскош, а да не биде оптоварен со финансиите, како што се Девиците.

Вагите не ја сакаат логиката која ја имаат Девиците, но и точноста и прецизноста. Кога Девицата нешто ќе испланира, тоа е средено „под конец“, а додека Вагата да ги измери работите, Девиците веќе го планираат следниот чекор.

Скорпиите не се рамнодушни на шармот, интелектот и дипломатијата на Вагите. Додека Скорпијата се реши да се отвори, Вагите веќе ги собрале сите околу себе.

Стрелците не се љубители на мистичниот свет на Скорпиите, бидејќи се деца во срцето и не го сакаат она што е мистериозно и по малку темно.

На Јарците не им е јасен оптимизмот на Стрелците, среќата која ги следи и никогаш не би се впуштиле со нив во авантура.

Водолиите се секогаш еден чекор пред времето и се подготвени да се изборат со она што се случило некогаш одамна, оставајќи го зад себе, додека пак Јарците се господари на минатото.

Рибите не ја сакаат непредвидливоста на Водолиите, ниту пак нивниот начин на размислување и знаат дека ако некој ги изнервира, тие се спремни да го срушат концептот за само неколку секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар