Погледнете зошто Лавиците се највеличествениот хороскопски знак
Веќе сме навлезени во периодот на знакот Лав и сигурно се прашувате што кажуваат ѕвездите за хороскопските Лавици – освен тоа дека се величествени. Во врска, тие се топли и полни со волја кога треба да ги изразуваат своите чувства и страст. Во работата пак, се предодредени да бидат лидери, бидејќи ќе се нафрлат на секоја задача со заби и нокти, додека не ја завршат.
Лавицата е кралски ѕвер и во секој поглед е величествена. Од нејзиниот возвишен став, до стил (изразен и смел), тие се силни личности и добро се носат со своите моќи, исто како и нивниот планетарен владетел, Сонцето.
Доколку некој се обиде да го наруши нивниот животен стил и она што им е важно во животот (особено семејството, домот, заработката), ќе се спротивстават со целата снага. Лавиците се полни со живот, а нивниот ентузијазам и разиграност се заразни. Секогаш се во потрга по забава, па фраерите кои се инертни и досадни никако не се компатибилни со овој хороскопски знак. Лавиците секогаш имаат контрола над својот живот и не сакаат кога некој друг им кажува што да работат.
Главното мото им е „Родена сум слободна!“, и го сфаќаат многу сериозно. Нивните астролошки детерминанти ги прават самоуверени и ослободени од грижата за тоа што мислат останатите за нив. Тие се бунтовнички и често ги кршат правилата. Сонуваат за поголеми работи и се со намера да ги исполнат своите креативни инспирации, со што ги инспирираат сите околу нив.
Лавовите се физички суштества, а нивната сексуалност се изразува со голема самодоверба поврзана со внатрешната сила. Кога се во прашање љубовните врски, Лавиците кога еднаш ќе фрлат око на некого, стануваат цврсто одлучни да го добијат тоа што го сакаат.
Лавиците можат да се чувствуваат како дома само во простор со кој можат тие да управуваат и да го уредат по нивна волја, дури и кога престојуваат некаде на кратко. Дури и кога немаат пари тие ќе пронајдат начин како да го претворат домот во палата со рачно изработени декорации. Тие ќе го претворат домот во богата околина во која секој што ќе влезе, ќе го доживее нејзиниот неконвенционален вкус. Покрај доминантните карактеристики, мајките Лавиците се најчесто несебични и полни со љубов кон своите деца.
Прочитајте повеќе и за овие 3 хороскопски знаци кои ги очекува предизвикувачки период за време на владеењето на Лавот.