Подгответе се за големи животни пресврти за време на ретроградниот Марс

Подгответе се за големи животни пресврти за време на ретроградниот Марс

Од 9 септември, Марс во Овен ќе започне ретроградно движење кое ќе трае до 14 ноември. Последен пат Марс бил ретрограден во знакот на Овен во 1988 година, а во текот на летото 2018 година, бил ретрограден во знакот на Водолија. Обидете се да се сетите што се случувало тогаш во вашиот живот. Некои теми што биле актуелни во тоа време, може да бидат повторно активни во иднина.

Подгответе се за големи животни пресврти за време на ретроградниот Марс

Марс во Овен симболизира воин кој се бори за себе, за независност и за слобода. Многу е решителен, непоколеблив и полн со иницијатива. Со него, започнуваме нови работи, работиме напорно и донесуваме важни одлуки. Тој е нашата креативна енергија.

Но, за време на неговата ретроградна фаза, работите се забавуваат. Се создава притисок и во следниот период ќе имате чувство дека нешто постојано ве спречува.

Ова е период во кој треба да научите да живеете помирно и да научите да не се вознемирувате за ситуациите врз кои не можете да влијаете.

Преиспитајте ги своите намери, преиспитајте каде сакате да ја насочите својата енергија во иднина. Во следниот период, водете сметка за вашето здравје, бидејќи ќе биде на удар. Врските помеѓу партнерите исто така ќе бидат засегнати, па внимателно бирајте ги своите зборови. Ретроградниот Марс враќа некои луѓе и ситуации со кои имате нерасчистени односи.

Особено бурни датуми ќе бидат 9 септември, од 28 септемрви до 1 октомври, од 7 до 12 октомври и 14 ноември.

Теми што ќе бидат важни за секој знак и аспекти што ќе бидат засегнати:

Овен – здравје, изглед

Бик – нерешени прашања од минатото, одмор, стравови и недоверба

Близнаци – пријателство, кариера

Рак – кариера, односи со авторитети, љубов

Лав – патувања, образование, правни проблеми

Девица – сексуален живот, туѓ имот или пари, долгови

Вага – партнерства, брак

Скорпија – здравје, услови за работа, односи со колегите

Стрелец – љубовен живот, однос со деца, пријателство

Јарец – семејство, дом, здравје

Водолија – комуникација, браќа и сестри, учење, односи во околината

Риби – пари, заработка, работа

Прочитајте што треба да преиспита секој хороскопски знак во текот на септември.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар