Парови од астрологијата кои одлично се согласуваат во кревет, но не и во врска
Некои хороскопски парови едноставно не можат да имаат ништо повеќе од секс за една вечер. Освен тоа што се компатибилни во креветот, нив не им е заедничко ништо друго. Погледнете за кои комбинации станува збор.
1. Лав и Овен
Овните сакаат да пробуваат нови нешта, а страсните Лавови се отворени за сè. Ова ги прави совршен пар, но само во кревет. Надвор, и Лавот и Овенот се навистина напорни личности и сакаат да ги контролираат партнерите.
2. Водолија и Риби
Овие знаци се толку слични, што поради ова никогаш не функционираат во љубовна врска. Но сексот е одличен, па најдобро решение за нив доколку постои привлечност е да бидат пријатели со придобивки.
3. Рак и Бик
Коа овие знаци спијат заедно, не станува збор за секс, туку за најнежното водење љубов. Но бидејќи и двајцата се навистина емотивни, љубовната врска најчесто ќе заврши по првата расправија.
4. Стрелец и Риби
Ова е совршениот пар за секс за една вечер, и ништо повеќе од тоа. Стрелците сакат авантури, излегување и дружење, додека романтичните Риби имаат други приоритети.
5. Скорпија и Овен
Сексот помеѓу најстрасните знаци мора да биде неверојатен, но што било повеќе од тоа, ветува само катастрофа.
Знаете ли кои се сексуалните фетиши на секој хороскопски знак?