Животот не е секогаш топол и сончев, но универзумот го носи најдолгиот ден во годината за да нè потсети дека секогаш има светлина на крајот од тунелот!
Искористете ги овие денови за да разговарате со себе и да дознаете што е тоа што го посакувате и да се ослободете од она што ве спречува да го направите тоа.
Сезоната на владеењето на Ракот сака да нè поттикне да се вратиме назад и да пронајдеме безбедно место каде што секогаш можеме да одиме, без разлика што се случува околу нас и во нас.
Во пресрет на младата Месечина, универзумот може да почне тивко (или понекогаш, гласно) да ни го привлекува вниманието на одредени работи во нашите животи...